Совети за банана сплит како од слаткарница

Не мора секогаш да ги комплицирате работите ако сакате да ги изненадите вашите гости со вкусен десерт кој воедно изгледа убаво. Летните температури се идеални за уживање во сладолед и подготовка на едноставни десерти. Значи, можете да направите банана сплит.

Овој десерт е многу лесен за подготовка, а секогаш можете да го збогатите со додавање на други состојки како што се разни преливи, чоколадни трошки, па дури и овошје како јагоди, боровинки и слично.

Потребни состојки:
  • сладолед
  • банани
  • 1 портокал
  • шлаг
  • чоколаден или друг прелив
  • чоколадни трошки
Подготовка:

За почеток, извадете го сладоледот од замрзнувачот за малку да омекне, за полесно да се извади. Потоа започнете со подготовка на бананите.

Излупете ги бананите и прелијте ги со свежо исцеден сок од портокал. Овој чекор е многу важен за да не потемнат бананите за време на подготовката и препорачливо е да не го избегнувате ако сакате вашиот десерт да изгледа како оној од слаткарница.

Исечете ја бананата на половина по должина и ставете ги на двата краја од садот во кој ќе го сервирате десертот. Извадете три топки сладолед и наредете ги меѓу бананите.

После тоа, следува декорацијата. Идеално е ако имате шлаг во шише со распрскувач бидејќи е поцврст и полесен за употреба и не би губеле време подготвувајќи го, но ако немате, можете претходно да изматите шлаг од кесичка или тетрапак.

Потоа додадете го преливот, чоколадните трошки и парчињата овошје, кои исто така малку ќе ги прелиете со исцеден сок од портокал за ниту тие да не потемнат.

Тагови
реклама

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Read more

Лавров ги соопшти руските услови за мир

Read more

Грција воведува построги правила: Што значи ова за туристите од Македонија?

Read more

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Read more

Рецепти

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Read more

Салата од брокула со крцкава сланина и кремаст дресинг

Read more

За летно освежување: Салата од лубеница, фета и краставица

Read more

Совети за банана сплит како од слаткарница

Read more
 

Магазин

Доктор предупредува зошто не треба да пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Говорот на телото може многу да открие: Како да препознаете дали партнерот ве лаже?

Читај повеќе

Помалку познати симптоми кои можат да укажуваат на бременост

Читај повеќе

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Читај повеќе

Светски ден на чоколадото: Објавена мапа на земјите според потрошувачката, како стои Македонија?

Читај повеќе

Кое е најлошото време за наводнување на градината во лето?

Читај повеќе

Една состојка може да ја спаси вашата градина од суша

Читај повеќе

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Читај повеќе

Колкав коефициент на интелигенција има просечниот Македонец?

Читај повеќе