Велигденски ролат од месо со варени јајца

Велигденскиот ролат од месо со варени јајца е сочно и украсно јадење кое брзо се подготвува и изгледа празнично на секоја трпеза.

Вкусен, сочен и украсен — овој ролат е вистински хит на велигденската трпеза. Варените јајца во внатрешноста на месото симболизираат нов почеток, а целиот рецепт е брз и лесен за подготовка. Идеален е и топол и ладен, а одлично оди со сезонска салата или компири.

За да ја направите ролната поцврста и полесна за сечење, оставете ја да отстои околу 10 минути пред да ја извадите од хартијата и да ја исечете.

Потребни состојки:
  • 450 гр спанаќ
  • 5 јајца
  • 600 гр мелено месо
  • свеж магдонос (по вкус)
  • 75 гр рендан пармезан (+ за посипување)
  • сол по вкус
  • 80 гр презла
Подготовка:

Спанаќот се вари 5 минути во врела вода. Потоа исцедете го и оставете го да се излади. Ставете 4 јајца во врела вода и варете ги околу 10 минути, а потоа излупете ги.

Во поголем сад измешајте го меленото месо со едно сирово јајце, ситно сечканиот магдонос, пармезанот, солта и презлата додека не добиете компактна смеса. Намачкајте го месото на хартијата за печење и со рацете формирајте правоаголник. Врз месото распоредете го сварениот и исцеден спанаќ, посипете со пармезан, а варените јајца наредете ги по должината на еден долг раб.

Користејќи ја хартијата, внимателно завиткајте во ролат и заедно со хартијата префрлете на плех. Печете во загреана рерна на 200°C околу 40 минути. Оставете да се излади, па исечете на прстени и послужете.

Remote video URL
реклама

Рецепти

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Read more

Празничен ручек: Пастрмка полнета со спанаќ

Read more

Тирамису велигденско јајце

Read more

Пржен ослич за Велики петок

Read more
 

Магазин

Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Читај повеќе

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Читај повеќе

Три знаци дека ви недостасуваат влакна во исхраната

Читај повеќе
  • filter

Како да комбинирате обувки со леопард дезен како модна икона?

Читај повеќе

Диета со цвекло - се слабее 5 килограми за само една недела

Читај повеќе

Празничен ручек: Пастрмка полнета со спанаќ

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 18 до 20 април за секој знак

Читај повеќе

Венеција двојно ги поскапува билетите за еднодневна посета

Читај повеќе