Ви недостига McDonald’s? Имаме рецепт за совршен Big Mac

Со оглед на тоа што глобалниот синџир за брза храна McDonald’s престана да работи во Македонија пред повеќе од 13 години, многу фанови сега уживаат во оваа храна најмногу кога ги посетуваат другите земји.

Сепак, нивниот најпознат хамбургер можете сами да го подготвите со малку волја и труд.

Сè започна со Facebook групата „Homemade McDonald's“ од Мелбурн, Австралија, чии членови најпрво почнале да пронаоѓаат идеални рецепти користејќи состојки купени во продавница, пишува Daily Mail.

Во групата, многумина тврдат дека успеале да ги повторат некои од најпопуларните јадења од McDonald’s како што се популарниот сладолед Chicken Nugget, Big Mac Dip, McMuffin, McFlurry и Big Mac.

Еден од членовите на групата, по име Даниел, објавил рецепт за имитација на Big Mac за кој тврди дека е идентичен со оној во светски познатиот фаст фуд ресторан.

Состојки:

Готови лепчиња за хамбургери (производител по желба)

600 гр ситно мелено говедско месо

главица ајсберг зелена салата, ситно сечкана

ситно сечкан мал кафеав кромид

200 гр американски црвен чедар

ситно сечкани кисели краставички

Состојки за сосот:

1 чаша (300 g) мајонез,

1 супена лажица ситно сечкани кисели краставички

1 и 1/2 лажички лук во прав

1 и 1/2 лажички црвен кромид во прав

2 супени лажици алкохолен оцет

прстофат бел бибер

2 супени лажици класичен сенф,

1/2 лажица благ црвен пипер

Подготовка:

Исечете го чедарот на машина за сечење

Лесно потпечете ги лепчињата

Зачинете го месото со бибер и сол пред да го печете

Плескавиците ќе се намалат за 10 до 20 проценти за време на печењето на скара, во зависност од количината на маснотии

Свртете го месото кога рабовите ќе почнат да стануваат кафеави

Составување на бургерот:

На долното лепче ставете 1 лажица сос

1/2 лажица сечкан кромид

Ајсберг салата (доволно да го покрие сосот)

Лист чедар

Плескавица

Врз лепчето ставете 1 лажица сос

1/2 лажица кромид

Марула (доволно да ги покрие сосот и кромидот)

Кисели краставички (по избор)

Плескавица

Горното лепче со сусам.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Рецепти

Десерт на денот: Брза пита пита со јаболка и ореви

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Соган долма: Традиционален турски рецепт за полнет кромид

Read more

Рецепт на денот: Паста со лосос, сушени домати и спанаќ

Read more
 

Магазин

  • filter

Пролетно освежување: Како да го преуредите домот за малку пари?

Читај повеќе

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Читај повеќе

Десерт на денот: Брза пита пита со јаболка и ореви

Читај повеќе

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Читај повеќе

Пет навики што ќе ве зближат со партнерот

Читај повеќе

Како да препознаете дали на вашето тело му недостасуваат протеини?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Читај повеќе

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Читај повеќе