Време е за зимница: Како да направите најубав домашен кечап?

Сезоната на зимници официјално почна, а пазарите низ Македонија се полни со зеленчук и овошје потребни за подготовка на традиционалните специјалитети како ајвар, лутеница, кисели краставички, мармалади и, секако, домашен кечап.

И покрај повисоките цени на пиперките и доматите, кои се забележително повисоки од претходните години поради намалените приноси и климатските услови, интересот кај граѓаните постепено се зголемува како што навлегуваме подлабоко во есента. Подготовката на зимница бара внимание и прецизна организација, бидејќи цените на суровините и трошоците за производство се покачени, но домашните домаќинства не ја запоставуваат традицијата на конзервирање. Оваа сезона, зимницата ќе се направи во помали количини, но со истата љубов и посветеност што ја карактеризира македонската кујна.

Ние ви споделуваме рецепт за најдобриот домашен кечап што може да го подготвите во количина колку што сакате.

Рецепт за домашен кечап

Состојки:

5 кг домати

300 г шеќер

100 г сол

150 г густин (скроб)

100 мл оцет

малку оригано

2 г конзерванс (опционално)

Начин на подготовка:

Измијте ги доматите, исечкајте ги и ставете ги во големо тенџере да се варат.

Откако ќе омекнат, пасирајте ги доматите убаво со блендер или пасатор.

Во тенџерето додадете шеќер, сол, густин, оцет, оригано и ако сакате, конзерванс. Убаво измешајте.

Варете на умерена температура постојано мешајќи додека смесата не згусне и се добие текстура на кечап.

Во меѓувреме, стерилизирајте тегли и капачиња со врела вода или во рерна.

Кога кечапот ќе се згусне, ставете го жежок во теглите и затворете ги добро.

За долготрајна конзервација, варете ги наполнетите тегли 10-15 минути во врела вода.

Оставете теглите да се изладат добро на собна температура, а потоа чувајте ги на ладно и темно место.

Доколку е потребно, може да се додадат и повеќе зачини за поинтензивен вкус според ваш вкус.

Тагови
реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Рецепти

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Read more

Оброк салата со крцкави њоки од фритеза на топол воздух

Read more

Кокосов колач без печење: Лесен, кремаст и идеален за летните денови

Read more

Пилаф со песто, пилешко и зеленчук: Едноставен ручек со дури 50 гр протеини по порција

Read more

Магазин

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе

Чорба вендинг машина

Читај повеќе

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Читај повеќе

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Читај повеќе
  • play_arrow

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Читај повеќе

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Читај повеќе

Шахтите ги избрусија, уште знамето остана да им пречи

Читај повеќе

Храна и пијалаци што не треба да се консумираат ако земате магнезиум

Читај повеќе