Пржените кременадли комбинирани со јаболка се брзо и прифатливо јадење, а воедно е и исклучително вкусно.

Овој рецепт содржи јаболка, кои се нискокалорично овошје богато со вода. Го стимулираат апетитот, па затоа е најдобро да јадете јаболко пред оброк или неколку часа по оброкот. Јаболкото има ист ефект врз забите како и миењето на забите, бидејќи помага во отстранувањето на наслагите од храна помеѓу забите, ги стимулира непцата и го поттикнува лачењето на плунка, која го отстранува забниот камен. Содржат кверцетин и катехин, кои имаат антивирусни, антиканцерогени и антидепресивни својства. Богати се со витамин Ц.
Потребни состојки:
- 4 лажици путер
- 4 кременадли (околу 180 гр секоја)
- 120 мл + 2 лажици јаболково вино
- 1 лажица сенф
- 1 лажичка свежа жалфија
- 470 гр јаболка
- сол
- бибер
Подготовка:
Во големо тавче растопете 2 лажици путер на средна температура. Отстранете ги коските од свинското месо, зачинете го обилно со сол и бибер и пржете го 6 минути од секоја страна, или додека не добие златнокафена боја.
Додадете 120 мл јаболково вино и варете на тивок оган уште 6 минути. Додека кременадлите се пржат, растопете го преостанатиот путер во друго големо тавче на средна температура. Јаболката излупете ги и тенко исечете ги, па додадете ги на растопениот путер и пржете 5 минути, или додека не почнат да омекнуваат.
Додадете ги преостанатите 2 лажици јаболково вино во јаболката, зголемете ја температурата и гответе уште 1-2 минути. Зачинете ги јаболката со сол по вкус. Префрлете ги кремендлите на чинија. Изматете го сенфот и сечканата жалфија во јаболковиот сок од тавчето со месото, зачинете со сол и бибер по вкус.
Ставете ги јаболката на чинијата со свинското месо и прелијте ги со сосот. Можете да комбинирате со пекарски компир или варен ориз.