Пролетта пристигна со свежа енергија, а модните трендови оваа сезона се поразиграни, посмели и поелегантни од кога било досега.

Моден викенд Скопје, најголемиот моден настан во земјата, е совршена сцена за сите што сакаат да експериментираат, да се изразат преку стилот и да бидат инспирација за околината. Оваа пролет, модата не познава ограничувања: од класични силуети со современ пресврт, преку ретро детали, до неочекувани комбинации на бои и текстури – сите се добредојдени на пистата и надвор од неа.
Дизајнерите за пролет/лето 2025 година ги слават женственоста, удобноста и индивидуалноста. Valentino, Ulla Johnson и Alberta Ferretti ги претставуваат фустаните како симбол на слобода и движење, додека брендови како Stella McCartney и Saint Laurent го реинтерпретираат костумот за модерната жена, со нагласени раменици и опуштени кроеви што внесуваат софистицирана елеганција во секојдневието. Пастелните нијанси се хит на модните ревии, а уличниот стил го потврдува нивниот статус како must-have за сечија гардероба. Игривите детали како реси се враќаат на голема врата, а точките и животинските принтови се тука за сите што сакаат да внесат доза на ретро шарм и забава во својот изглед.
Удобноста и спортскиот дух се исто така во фокусот – патиките, широките фармерки и кожените јакни се неизбежни за урбаниот стил, но оваа сезона тие добиваат ново значење: не само како практичен избор, туку и како модна изјава. Црвената боја, од класичен рубин до смели акценти, е симбол на самодоверба и енергија – совршена за сите кои сакаат да бидат забележани.
Моден викенд Скопје е местото каде што се слави индивидуалноста и каде што секоја жена може да биде центар на вниманието со само неколку клучни модни избори. Доколку сакате да бидете вистинска стилска икона оваа пролет, еве три трендови и конкретни предлози што да облечете за да блеснете на најголемиот моден настан во земјата.
Секој од овие трендови нуди можност да се изразите, да експериментирате и да бидете забележани. Изберете го оној што најмногу ви одговара, комбинирајте детали и не заборавајте: најважен моден додаток е самодовербата. На Моден викенд Скопје, вие сте инспирацијата!
Изберете костум со нагласени раменици и опуштен крој во пастелна боја: сорбе жолта, крем зелена или светло сина се апсолутен хит оваа сезона.
Комбинирајте го со едноставна бела маичка или сатенска блуза за елегантен, но разигран изглед.
Додадете чевли на платформа или класични оксфордки за урбан шик.
За акцент, изберете мала црвена чанта или марама со точки за доза на ретро вибрации.






Одлучете се за фустан со реси, карнери или меуреста силуета – овие детали внесуваат движење и разиграност, а се совршени за динамичната атмосфера на модниот викенд. Пастелните нијанси на лаванда, бледо розова или крем зелена дополнително ќе го освежат изгледот. Комбинирајте со сандали со високи потпетици во иста боја или со chunky патики за модерен контраст.
Тука се и вечните класици: точки на нов смел начин или леопард дезен кој можете да го носите на главното парче (фустан, кошула, панталони) или како акцентиран детаљ (марама, обувки, чанта).







Изберете широки силуети во комбинација со chunky патики на платформа или други спортски детали за лежерен, а сепак шик изглед.
За да бидете целосно во тренд, изберете детали што ќе го разиграат целиот изглед.
Кожeната јакна и големата спортска торба одлично ќе ја заокружат комбинацијата и ќе ве направат урбана икона.



