Модната недела во Париз собра бројни ѕвезди од светот на шоубизнисот, а овој пат вниманието на јавноста го привлече поп дивата Џенифер Лопес и нејзината придружба.
Во тек е Модната недела во Париз, голем моден настан кој собира бројни дизајнери и јавни личности. Многу убавици, вклучувајќи ја и Џенифер Лопес, ја искористија можноста да блеснат на овој посебен настан.
Пејачката се појави на модната ревија на грчката дизајнерка Силија Критариоти и ги остави сите присутни без зборови со својата модна комбинација.
За оваа пригода, таа одлучи да носи проѕирен фустан во розова боја, украсен со многу детали, обоени монистра во горниот дел. Треба да се напомене дека ѕвездата на овој фустан беше длабокото деколте кое ги истакнуваше нејзините гради.
Таа го комплетираше изданието со бела наметка и високи потпетици, а што се однесува до шминката, избра нежни тонови кои го дадоа тој „мек гламур“ изглед.
Вниманието на јавноста го привлече и придружничката на Лопес, односно Линда Лопес, која ретко се појавува во јавноста. Таа одлучи да се вклопи во стилот на нејзината сестра и избра фустан со прав крој и длабоко деколте.
Фустанот ја истакна нејзината вита фигура и слободно може да се каже дека сестрите Лопес блескаа на настанот.