Победничката во чилеанскиот избор за претставничка на изборот за Мис на светот 2025 е мисицата на дистриктот Лас Кондес, 27-годишната Игнасиа Фернандес. Таа ја воодушеви публиката за време на нејзиното претставување во полуфиналето.
За време на сегментот за таленти, таа отпеа песна од дед-метал бендот „Decessus“ и ја покажа својата страст кон хеви метал, нешто што досега не е видено да се случи на избор за мис. Всушност, Играсиа е пејачка на овој бенд, па нејзиниот избор не беше случајност.
Со ова, таа отстапи од класичниот избор и традиционалното претставување во полуфиналето, а поради нејзината моќна изведба, автентичност и дрскост да направи нешто вакво, таа стана вирална и ги разбранува социјалните мрежи.
Изненадувањето брзо се претвори во стоечки овации, а еден од членовите на жирито гласно рече дека никогаш не видел нешто слично на натпревар за убавина.