„Вечност“ на Стефанија Насеска Попадинец – кога историјата дише преку модата

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 16.11.2025 / 13:11

Во колекцијата „Вечност (Eternity)“, дизајнерката Стефанија Насеска Попадинец успева да оствари нешто што ретко се гледа во современата македонска мода – симбиоза меѓу археолошкото и авангардното, меѓу националното наследство и женската иднина. Инспирирана од златните маски од Требеништа, оваа линија ни нуди вистинска лекција во тоа како културните симболи можат да се трансформираат во моќен визуелен јазик.

Ако, според терминологијата на британската историчарка на мода Каролин Еванс, модата е „архив на емоции и тела“, тогаш Попадинец ја користи таа архива како простор за интерпретација на вечноста. Златото, кое во архетипски контекст симболизира бесмртност и божественост, во нејзините модели не е само материјал туку и концепт. Корсетите што ги опишува како „женски оклопи“ - модерен омаж на Амазонките - не носат тежина на заштита, туку симбол на подем, сила и достоинство. Овој контраст, меѓу кревкоста и воинственоста, ѝ дава на колекцијата филозофски слој, естетски доволно зрел за светска публика.

Деталите и орнаментите инспирирани од античките маски, се изведени со современи техники и текстилни манипулации во духот на минимализмот кој потсетува на Maison Margiela или Iris van Herpen, но со македонска душа. Така Попадинец гради визуелен и емоционален дијалог со минатото, претворајќи го во модерен мит.

Едиторијалот на Стефан Соколовски за оваа колекција претставува природно продолжение на нејзиниот наратив. Со внимателно моделирано светло и моќен визуелен контраст, фотографот успеал да ја пренесе „внатрешната светлина“ на златото – топлина, моќ и трансценденција. Моделите Анастасија Таушанова и Јагмур Бас влегуваат во улогата не само како носителки на креациите, туку како современи отелотворенија на сопствената историја.

„Вечност“ е повеќе од мода – тоа е културен ритуал. Со оваа колекција, Насеска Попадинец ги обединува антиката и современоста во една извонредна симфонија на материјал, идеја и дух, покажувајќи дека вистинската елеганција лежи во почитта кон корените и храброста да се создава во име на вечноста.

реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Стил

32. Моден викенд Скопје: Платформа што ја поврзува модата со иднината

Read more

32. Моден викенд Скопје: Кога модата излегува од писта станува уште помоќна

Read more

32. Моден викенд ги спојува културите: Магијата на Кина во Скопје 

Read more

ФОТОГАЛЕРИЈА: Отворањето на 32. Моден викенд Скопје

Read more
 

Магазин

Што ги прави посебни луѓето родени во април?

Читај повеќе

Секоја пролет шумата во близина на Брисел се претвора во оаза од виолетова боја

Читај повеќе

Кардиолог советува што НЕ треба да правите навечер за здраво срце

Читај повеќе
  • play_arrow

Што сè може да купите за едно евро во најевтината земја за живеење?

Читај повеќе

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Читај повеќе

Неделен хороскоп: Лавот се истакнува на работа, Вагата ја чека љубовен пресврт

Читај повеќе

Зошто сè повеќе млади луѓе имаат болест на црниот дроб?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кафе на празен стомак: Што му прави тоа на вашето тело?

Читај повеќе

Италија плати милиони за слика од XV век: Ремек-делото оштетено поради бизарна навика на сопственикот

Читај повеќе