5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Препознавањето на симптомите на мозочен удар е клучно за спасување животи, а методот BEFAST (рамнотежа, вид, спуштено лице, слабост во рацете, говор и време за повик за итна помош) ни помага да реагираме навреме.

Сепак, според неврологот д-р Хурмина Муктадар, жените понекогаш имаат различни симптоми кои полесно се занемаруваат. Затоа, важно е да се знае на кои знаци треба да се обрне посебно внимание.

Според неврологот, ова се знаците на мозочен удар кои жените често ги игнорираат:

Општа слабост

Ненадејна главоболка

Промени во когнитивната и менталната состојба

Ненадејно, постојано икање

Болка во градите

Д-р Муктадар објаснува дека мозочните удари кај жените често не започнуваат со класична слабост на едната страна од телото, туку со општа слабост.

„Мозочниот удар кај жените може да започне како општа слабост или чувство на замор, а не нужно како слабост на едната страна од телото“, истакна таа за Parade.

Таа, исто така, истакнува дека жените може да ги игнорираат ненадејните, силни главоболки, особено ако веќе се склони кон мигрена, што може да го одложи раното препознавање на проблемот.

Промените како што се конфузија, проблеми со меморијата или дезориентација, исто така, можат да бидат знаци на мозочен удар, но жените често ги припишуваат на стрес. Ненадејните, постојани икања можат да бидат неочекуван симптом, особено ако се придружени со вртоглавица, гадење или проблеми со рамнотежата.

Д-р Муктадар истакнува дека жените понекогаш се двоумат да побараат помош затоа што не сакаат да го загрижуваат своето семејство или мислат дека мозочните удари се почести кај мажите. Сепак, ако забележиме некој од овие симптоми, важно е веднаш да се јавиме во Итна помош затоа што брзата реакција може да спаси живот.

„Кога ќе се случи мозочен удар, секоја минута е важна. Ако се сомневате на мозочен удар, веднаш јавете се во Итна помош, дури и ако симптомите се благи или почнуваат да се намалуваат“, заклучи д-р Муктадар.                                                                                     

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Здравје

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Read more

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Читај повеќе

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Читај повеќе

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Читај повеќе

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Читај повеќе

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Читај повеќе

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе