Американска студија предупредува: Инвазивните инфекции со мувла може да бидат поголема закана отколку што се мисли

Американска студија објавена оваа недела предупредува дека инвазивните инфекции со мувла може да бидат потценета и потенцијално смртоносна закана, особено за постари и имунокомпромитирани пациенти.

Истражувачите регистрирале околу 450 случаи во болниците во областа на Атланта во период од пет години, а околу една третина од пациентите починале за време на болничкото лекување. Наодите беа објавени оваа недела во публикација од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во обид попрецизно да се утврди колку се чести болестите.

Д-р Џереми Голд од ЦДЦ, главен автор на студијата, рече дека ова е прв ваков увид.

„Ова е прв пат да имаме ваква проценка“, рече тој.

Додаде дека е важно да се разбере обемот на проблемот сега, бидејќи во иднина може да расте поради ефектите од климатските промени, вклучувајќи урагани, поплави и други природни катастрофи кои ја зголемуваат изложеноста на мувла.

Инвазивните болести со мувла се ретки инфекции предизвикани од одредени видови габи. Повеќето заразени луѓе вдишуваат спори на мувла, но тие можат да влезат во телото и преку посекотини, рани или контаминирана медицинска опрема. За повеќето луѓе, спорите не предизвикуваат здравствени проблеми, но за постарите лица, пациентите со рак и луѓето со ослабен имунолошки систем, можат да бидат опасни по живот.

Истражувачкиот тим анализирал потенцијални случаи во четири болници во областа на Атланта и нивните амбуланти од 2020 до 2024 година. Од првично регистрирани речиси 1.000 можни случаи, по дополнителен скрининг, останале приближно 450 кои ги исполнувале критериумите за инвазивна болест поврзана со мувла.

Според студијата, болниците можат да очекуваат три до пет случаи годишно на секои 100 кревети, додека стапките биле повисоки во големите академски болници кои лекуваат посложени пациенти. Повеќето од пациентите имале ослабен имунитет, а некои од нив биле дополнително исцрпени по болеста COVID-19.

D-р Џефри Џенкс од Универзитетот „Дјук“ ги нарече наодите вредни и рече дека се согласува дека инциденцата на габични инфекции веројатно ќе се зголеми со климатските промени.

Тагови
реклама

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Read more

Здравје

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Read more

Каде боли кога имате воспаление на слепо црево?

Read more

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете лубеница?

Read more

Како да препознаете дека сте под премногу стрес: Обрнете внимание на неколку знаци

Read more

Магазин

Како лажен вртлог се појави над Хрватска, Словенија и Италија?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што не смеат да прават бабите и дедовците кога ги чуваат внуците?

Читај повеќе

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Читај повеќе

Што треба да имате на ум ако прв пат одите во теретана или се враќате по долга пауза?

Читај повеќе

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Читај повеќе

Зошто не смеете да седнете каде било и во полупразен авион?

Читај повеќе

Секс соништа: Зошто ги сонуваме и што значат?

Читај повеќе

Каде боли кога имате воспаление на слепо црево?

Читај повеќе

За што може да ве казнат и до 36.000 евра на плажите низ Европа?

Читај повеќе