Од максимум 100 поени, оваа здрава ужина постигна дури 97. Кога ќе погледнете што има во само 100 грама, тоа не е толку големо изненадување!
Платформата BBC Good Food спроведе интересно истражување за здрава храна што се користи секојдневно низ целиот свет и рангираше 1000 сурови намирници според нивната хранлива вредност и здравствени придобивки.
Секоја храна беше оценета до 100, а имаше и некои многу интересни резултати. Така, ѓумбирот, кој сигурно припаѓа на суперздрава храна, е само на 98-мо место, со резултат од 48, додека свинската маст е на 8-мо место и има резултат од 73.
Бадемите се најдоа на првото место, со резултат од 97, а BBC Good Food наведува дека овие јаткасти плодови се богати со мононезаситени масни киселини, па затоа се корисни за кардиоваскуларното здравје и можат да им помогнат на луѓето што живеат со дијабетес.
Бројни студии покажаа дека бадемите се полни со разни хранливи материи, и тоа во значителни количини.
Сто грама бадеми содржат, меѓу другото:
578 калории
50 г масти
19,74 г јаглехидрати
21,26 г протеини
11,8 г влакна
248 мг калциум (19% од препорачаниот дневен внес)
4,3 мг железо (24% од препорачаниот дневен внес)
728 мг калиум (15% од препорачаниот дневен внес)
268 мг магнезиум (64-68% од препорачаниот дневен внес за мажи или 84-86% за жени)
Поради толку богатиот нутритивен профил, бадемите се препорачуваат на секој што сака да:
- изгуби тежина и да ги намали ненадејните напади на глад и потребата за грицкање
- го намали ризикот од срцеви заболувања
- го регулира нивото на шеќер во крвта
- го подобри здравјето на мозокот
- ја подобри функцијата на цревата...
Се препорачува околу една шака бадеми дневно, што е приближно 20-30 грама за општо здравје. Оваа количина обезбедува здрави масти, протеини и влакна, го зајакнува срцето и го стабилизира шеќерот во крвта, но претерувањето може да предизвика надуеност, гасови или дијареја. Потопувањето навечер може да го олесни варењето на бадемите, а многу е важно да не се претерува бидејќи се екстремно богати со калории.