Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Виралниот тренд на carrot tan тврди дека морковите можат да ѝ дадат на кожата поприроден и потопол сјај без изложување на УВ-зрачење, а експертите наведуваат дека за тоа постои научна основа.

Морковите содржат растителни пигменти познати како каротеноиди – конкретно бета-каротен, алфа-каротен и лутеин. Бидејќи телото не може одеднаш да ги претвори сите внесени каротеноиди во витамин А, вишокот може да се наталожи во површинските слоеви на кожата, пренесува Daily Mail.

Истражување од Универзитетот „Сент Ендрјус“, објавено во списанието PLoS ONE, покажа дека дури и умереното зголемување на внесот на овошје и зеленчук може да доведе до забележливи промени во бојата на кожата во рок од 6 недели. Истражувачите истакнаа дека овие промени се резултат на апсорпцијата на каротеноиди, а не на производството на меланин.

Џулиа Зумпано, регистрирана нутриционистка во Клиниката „Кливленд“ во Охајо, изјави:

„Сјајот од каротеноиди е вистинска промена во бојата на кожата предизвикана првенствено од наталожувањето на каротеноиди од исхраната во кожата.“

Додаде дека овие пигменти се таложат конкретно во епидермисот и површинските слоеви на кожата, што може да ѝ даде на кожата благ златно-жолт тон.

Според клиничките испитувања објавени во списанието Journal of Nutrition во 2023 година, за видливи промени кај повеќето возрасни лица е потребен континуиран дневен внес во период од 4 до 8 недели. Зумпано напоменува дека дневниот внес од 5 до 15 милиграми каротеноиди во текот на овој период може да предизвика суптилен ефект – количина што приближно одговара на 1 до 3 моркови со средна големина дневно.

Габриел Џад, регистрирана нутриционистка во „Џонс Хопкинс Медицин“ во Балтимор, предупреди дека ефектите може да се појават побрзо и при помали дози кај луѓе со состојби што влијаат на преработката на бета-каротенот, како што се заболувања на црниот дроб, дијабетес, хипотироидизам или анорексија.

За разлика од сончањето и солариумите, кои ја изложуваат кожата на ултравиолетово зрачење и можат да го зголемат ризикот од меланом и други видови рак на кожата, каротеноидите делуваат како антиоксиданси. Сепак, прекумерниот внес на бета-каротен може да предизвика каротенемија – бенигна состојба при која кожата добива портокалова нијанса, најчесто на дланките и петите. Затоа, експертите препорачуваат умереност и разновидна исхрана, вклучувајќи сладок компир, тиква, манго, спанаќ и кељ.

Тагови
реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Здравје

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Клучна навика што жените треба да ја усвојат за помал ризик од деменција

Read more

Колку кафиња е здраво да се напиете во еден ден?

Read more

Магазин

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Читај повеќе

Што (НЕ) треба да правите за време на ретрограден Меркур?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мистеријата на кучињата од Чернобил: Има докази за забрзана природна селекција

Читај повеќе

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Читај повеќе

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Читај повеќе

Дали носењето градник додека спиете го спречува опуштањето на градите?

Читај повеќе

3 хороскопски знаци ќе почувствуваат големо финансиско олеснување од 6 ноември

Читај повеќе
  • play_arrow

Клучна навика што жените треба да ја усвојат за помал ризик од деменција

Читај повеќе

Шест грешки што почетниците ги прават во теретана и како да се избегнат

Читај повеќе