Две болести на црниот дроб поврзани со една вообичаена навика во исхраната

Според едно ново истражување, навиката за јадење доцна навечер е поврзана со зголемен ризик од две заболувања на црниот дроб: цироза и стеатотично заболување на црниот дроб поврзано со метаболичка дисфункција (MASLD). Резултатите укажуваат на тоа дека избегнувањето оброци непосредно пред спиење може да биде важно за здравјето на црниот дроб.

Што откри истражувањето?

Студијата, објавена во списанието Clinical Gastroenterology and Hepatology, анализираше податоци од 199.155 поединци со просечна возраст од 59 години. Учесниците биле дел од долгорочни здравствени студии и на секои две до четири години пополнувале прашалници за нивната исхрана и животните навики.

Истражувачи од Универзитетот за здравје и наука во Орегон (OHSU) и Општата болница во Масачусетс откриле дека луѓето кои јадат доцна навечер имаат 28 отсто поголем ризик од цироза и 36 отсто поголем ризик од MASLD, во споредба со оние кои се придржуваат до стандарден распоред на оброци. 

„Јадењето доцна навечер“ е дефинирано како консумирање храна „откако ќе се легне во кревет“ или „во периодот помеѓу вечерата и времето за спиење“.

Важно е да се напомене дека, и покрај зголемениот ризик, цирозата останува ретка појава. Во текот на периодот на следење, кај речиси 200.000 учесници биле забележани 315 случаи. 

Поврзаност со телесните ритми

Научниците сметаат дека објаснувањето можеби лежи во циркадијалните ритми – внатрешни циклуси што ги усогласуваат телесните функции со смената на денот и ноќта. Истражувањето опфатило просечен период од 16 години, а при анализата биле земени предвид фактори како што се возраста, индексот на телесна маса (BMI) и физичката активност. Поврзаноста останала статистички значајна дури и по земањето предвид на овие фактори.

„Неколку студии укажуваа на оваа можност, но ова е една од првите долгорочни анализи што директно ги поврзува овие навики со заболувањето на црниот дроб познато како ’масен црн дроб‘“, вели хепатологот Роберт Вилечански од OHSU. „Знаеме дека црниот дроб е тесно усогласен со циркадијалните ритми на телото. Затоа нè интересира дали промената на времето на оброците може да влијае врз здравјето, дури и ако видот на храната што луѓето ја консумираат остане ист“, додава тој. 

Како и другите органи, црниот дроб има свој внатрешен часовник. Можно е доцна навечер тој да не е подготвен ефикасно да ја преработува храната. Ова би можело да доведе до таложење на масти и зголемено ниво на шеќер во крвта, иако оваа хипотеза ќе бара дополнителна потврда.

Ограничувања и идни чекори

Студијата не докажува причинско-последична врска, а можно е да влијаат и други фактори. На пример, анализата не вклучуваше податоци за времето на спиење или квалитетот на сонот кај учесниците. 

„Нашите наоди се надоврзуваат на сè поголемиот број истражувања кои го поврзуваат јадењето доцна навечер со неповолни метаболички последици и заболувања на црниот дроб“, наведуваат истражувачите во трудот.

„Оваа поврзаност има биолошка основа; поголемиот внес на калории во вечерните часови може да доведе до дебелина и метаболички нарушувања, поради намалената чувствителност на инсулин и помалата потрошувачка на енергија во текот на ноќта.“

Идните истражувања би можеле да ги анализираат и видовите храна што се консумираат доцна навечер – фактор што не бил евидентиран во оваа студија. Тимот од OHSU, во кој е вклучен и Вилечански, веќе регрутира учесници за подетално клиничко испитување.

„Влијанието на внесот на храна доцна навечер врз заболувањата на црниот дроб бара дополнителни истражувања кај различни популации, при што би се користеле методи за снимање на црниот дроб и маркери за сериозноста на болеста. 

Потврдувањето на овие резултати би можело да влијае врз најдобрите практики за управување со исхраната кај хроничните заболувања на црниот дроб“, истакнуваат истражувачите.

Што се MASLD и цирозата?

MASLD, позната и како болест на замастен црн дроб, претставува состојба во која метаболичките проблеми – како што е дебелината – предизвикуваат таложење на масти во црниот дроб. Кај некои пациенти, ова таложење може да доведе до создавање лузни, состојба која напредува во цироза. Цирозата претставува трајно оштетување на црниот дроб, што може да резултира со откажување на органот.

Подоброто разбирање на причините за овие болести е клучно за нивна превенција и лекување. Можно е самото воспоставување дисциплиниран распоред на оброци да помогне во намалувањето на ризикот – промена која за многумина може да биде полесна за прифаќање отколку придржувањето кон строга диета или режим на вежбање. 

„Докажано е дека времето кога се одвиваат одредени активности – било да е тоа спиење, јадење или вежбање – е навистина важно“, заклучува Ендру Мекхил, физиолог за сон и циркадијални ритми во OHSU.
 

Тагови
реклама

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Здравје

Што се случува со нашите тела кога вдишуваме невидливи загадувачи?

Read more

Цедените соковите не се замена за овошје: Што вели науката за нивната консумација?

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Магазин

  • filter

4 прекрасни ситници за џабе: Ќе ја разубават кујната до непрепознатливост

Читај повеќе

Што се случува со нашите тела кога вдишуваме невидливи загадувачи?

Читај повеќе
  • filter

Колку ќе ве чини ноќевање во најфотографираниот хотел во светот? 

Читај повеќе

Цедените соковите не се замена за овошје: Што вели науката за нивната консумација?

Читај повеќе
  • play_arrow

Растителните влакна се важни за слабеење и варење: Колку треба да јадеме секој ден?

Читај повеќе

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Читај повеќе

Како да ја искористите енергијата на денешниот моќен портал 11.11?

Читај повеќе

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Читај повеќе

Популарен суплемент со кој треба да внимаваат луѓето со чувствителни бубрези

Читај повеќе