Енергетските пијалаци сѐ почесто се поврзуваат со срцев застој и инфаркт кај младите луѓе

Енергетските пијалаци и додатоците во исхраната што содржат кофеин и други стимуланси се појавуваат значително почесто во извештаите за срцев застој и инфаркт – особено кај лица на возраст од 18 до 34 години – се вели во прелиминарната анализа објавена од Американското здружение за срце (АХА).

Истражувачи од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Вирџинија“ анализирале 28.345 извештаи за несакани реакции, доставени до американската Управа за храна и лекови (ФДА) во периодот помеѓу 2017 и 2025 година. Од нив, 854 извештаи се однесувале на енергетски пијалаци или додатоци во исхраната што содржат кофеин и стимуланси. Истражувачите ги споредиле овие податоци со 27.491 извештај за производи што не содржат такви состојки, како што се газирани безалкохолни пијалаци, протеински плочки, смутија и витамини.

Наодите ќе бидат претставени на научен собир на АХА, кој ќе се одржи во Чикаго од 6 до 9 ноември.

Срцев застој – 11 пати почест

Според соопштението на АХА, срцевиот застој бил пријавен приближно 11 пати почесто во врска со производи што содржат кофеин и стимуланси, отколку кај производите што ги немаат овие состојки.

Извештаите поврзани со енергетски пијалаци и додатоци покажале околу 4,5 пати поголема веројатност за поврзаност со срцеви удари и приближно 4 пати поголема веројатност за поврзаност со вентрикуларни аритмии – нарушувања на ритамот во долните комори на срцето – како и со чувство на забрзано или силно чукање на срцето (палпитации). Забрзана срцева работа била пријавена речиси 3 пати почесто, болка во градите 2,71 пати почесто, а губење на свеста приближно 2 пати почесто.

Околу 45% од извештаите за срцеви проблеми поврзани со овие производи се однесувале на лица на возраст од 18 до 34 години – возрасна група која вообичаено не се смета за ризична за срцеви заболувања. Слични обрасци биле забележани и кај мажите и кај жените.

До 12 пати повеќе кофеин отколку во кафето

Според научно соопштение на Американското здружение за срце (АХА) од 2026 година, внесувањето до 400 милиграми кофеин дневно – што е еднакво на околу 5 шолји обично кафе – генерално се смета за безбедно за повеќето возрасни лица. Сепак, некои енергетски пијалаци содржат и до 3 пати повеќе кофеин по милилитар во споредба со свареното кафе, додека одредени додатоци за употреба пред вежбање содржат дури и повеќе од 12 пати поголема количина.

Авторот на студијата, Саи Самајамантула, студент по медицина на IV година, истакнува дека овие производи се пласираат на пазарот како секојдневни освежителни пијалаци и се изложени на полиците веднаш до соковите и водата, што ги наведува луѓето да претпостават дека тие не претставуваат никаков ризик.

„За многу здрави поединци, ризикот е веројатно мал доколку овие производи се консумираат повремено. Меѓутоа, оние што ги консумираат редовно, можат брзо да ја надминат препорачаната дневна граница за внес на кофеин“, вели Самајамантула.

Истражувачите не знаат точно зошто оваа поврзаност е толку изразена кај младите луѓе. Можно е младите почесто да ги консумираат, да ги комбинираат со интензивно вежбање, алкохол или други супстанции, или пак да имаат недијагностицирано срцево заболување.

Студијата не докажува причинско-последична врска

Станува збор за резиме кое сè уште нема поминато низ процес на рецензија од стручни лица; затоа, резултатите се сметаат за прелиминарни. Авторите нагласуваат дека анализата покажува само поврзаност, но не докажува дека токму овие производи предизвикале срцеви проблеми.

Пријавувањето до ФДА е доброволно; следствено на тоа, не е познато колку луѓе ги консумирале овие производи без никакви проблеми, ниту пак колку инциденти поврзани со срцето останале непријавени. Кардиологот Грегори Маркус од Универзитетот „Калифорнија“ во Сан Франциско – кој не бил вклучен во истражувањето – наведува дека наодите предизвикуваат загриженост оти производите со многу високи нивоа на кофеин би можеле да бидат штетни за срцето. Сепак, напоменува дека студијата не докажува причинско-последична врска, бидејќи на резултатите можеле да влијаат и други фактори.

Авторите им советуваат на лекарите, кога прегледуваат млади пациенти кои се жалат на забрзано чукање на срцето, болка во градите или губење на свеста, да прашаат дали редовно консумираат енергетски пијалаци или додатоци што содржат стимуланси.

реклама

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Read more

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 ноември 

Read more

Друга верзија: Суви полнети пиперки

Read more

Здравје

Дали постојано тапкате со ногата додека седите? 

Read more

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Read more

Кога болната овулација е причина за загриженост?

Read more

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Топ 10 најоткачени дизајни на ветерни турбини

Читај повеќе

Дали постојано тапкате со ногата додека седите? 

Читај повеќе

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 ноември 

Читај повеќе

Како да ги перете зимските јакни во машина за перење без да се уништат?

Читај повеќе

Кога болната овулација е причина за загриженост?

Читај повеќе

Друга верзија: Суви полнети пиперки

Читај повеќе

Зошто е важно да не ја игнорирате вашата мачки и да не ѝ викате?

Читај повеќе

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Читај повеќе