Како да препознаете токсични пријатели?

Секое пријателство не вреди злато. Некои луѓе може да бидат опасни по нашиот душевен мир и емотивната состојба. Како да ги препознаете овие токсични пријатели?

Повеќето луѓе имаат пријатели за кои би направиле сѐ  на светот и пријатели кои би го направиле истото за нив. Понекогаш имаме пријателства за кои во еден момент ќе сфатиме дека повеќе ни создаваат грижи и непријатност, отколку убави спомени.

Ако сфатите дека после средбата со тие луѓе се чувствувате исцрпено, дека тие личности не знаат да се радуваат на убавите работи што ви се случуваат и секогаш се жалаат дека само ним им се случуваат лоши работи и неправди, најверојатно станува збор за токсично пријателство.

Психолозите велат дека има пет знаци дека тоа пријателство е неискрено и штетно за вас. Еве на што треба да обрнете внимание:

Кој иницира контакти?

Важен показател на пријателските односи е релативно рамномерното иницирање на контактите. Ако само едната страна вложува поголем труд, тоа не е здрав пријателски однос. Ако сте вие оној кој претежно закажува средба или дружење, повлечете се чекор назад. Почекајте да видите дали тоа ќе се одрази на вашето пријателство. Ако другиот не ви се јави со денови, освен кога му треба помош или некој да го сослуша за неговите „проблеми“ и на вас да ја префрли фрустрацијата и негативната енергија, тоа не е пријател на кој може да сметате.

Како се чувствувате после средбата?

Ако после секоја средба со овој пријател се чувствувате исцрпено, ако сте лути и полни со негативна енергија, тоа е сигурен знак дека друштвото на таа личност не ви одговара. Пријателството подразбира дека после средбата со таа личност ќе се чувствувате добро, дури и во моментите кога навистина поминува низ тежок период.

Дали се радувате на закажаната средба?

Секогаш треба да се радувате на средбите со пријателите. Верувале или не, вистинските пријателства позитивно делуваат на нашиот имунитет. И кога им е тешко или им треба совет, средбата со пријателите треба да направи да се чувствуваме сигурно, корисно и сакано.

Дали таа личност ги поддржува вашите животни цели и соништа?

Ако некој постојано ве критикува, ги доведува во прашање вашите соништа и планови или зборува лошо за другите луѓе во вашиот живот, прашајте се дали таа личност ви посакува добро. Пријателските замерки и совети се едно, но сосема друга ситуација е кога имате чувство дека таа личност ги поткопува сите ваши идеи.

Дали секогаш е проблем да се договорите за средба?

Ако пријателката или пријателот секогаш е „во гужва“ кога ги викате на кафе, ги откажува договорените средби или едноставно не е тука кога ви треба, прашајте се дали таа личност воопшто ви треба во животот. Ако некому му служите само за да ги пополни со вас „дупките“ во слободното време или да ги истури на вас своите фрустрации, не заслужил да биде ваш пријател, нели?

реклама

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Здравје

Што се случува со нашите тела кога вдишуваме невидливи загадувачи?

Read more

Цедените соковите не се замена за овошје: Што вели науката за нивната консумација?

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Магазин

Зошто не треба да им давате остатоци од храна на кучињата?

Читај повеќе

Еврејска салата со само 4 состојки: Брза, евтина и со неверојатен вкус

Читај повеќе
  • filter

4 прекрасни ситници за џабе: Ќе ја разубават кујната до непрепознатливост

Читај повеќе

Што се случува со нашите тела кога вдишуваме невидливи загадувачи?

Читај повеќе
  • filter

Колку ќе ве чини ноќевање во најфотографираниот хотел во светот? 

Читај повеќе

Цедените соковите не се замена за овошје: Што вели науката за нивната консумација?

Читај повеќе
  • play_arrow

Растителните влакна се важни за слабеење и варење: Колку треба да јадеме секој ден?

Читај повеќе

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Читај повеќе

Како да ја искористите енергијата на денешниот моќен портал 11.11?

Читај повеќе