Храна што го зголемува ризикот од рак на дебелото црево кај младите

Водечките онколози ширум светот предупредуваат дека лекарите треба почесто да ги советуваат пациентите да избегнуваат преработено месо како виршлите, бидејќи бројни студии го поврзуваат овој вид на храна со зголемен ризик од рак на дебелото црево.

Во последните 30 години, бројот на случаи на овој рак кај лица под 50 години е зголемен за дури 80 отсто на глобално ниво. Научниците велат дека причините може да бидат различни, од загадување, зголемување на дебелината до микропластика во водата што ја пиеме. Но, сега лекарите од NYU Langone Health во Њујорк истакнуваат дека внесот на преработено месо кај помладите генерации често се занемарува како фактор на ризик.

„Иако редовно разговарам со пациентите за исхраната и ризиците, вклучително и преработеното месо, не сум сигурен колку често другите лекари го спомнуваат тоа“, вели д-р Питер С. Лианг за Medscape Medical News.

Д-р Лианг вели дека лекарите треба да продолжат да испраќаат јасна порака: намалете го внесот на преработено месо како шунка, сланина и филеа.

„Внимавајте на тоа што јадете, на количината и разновидноста на вашите оброци, тоа е добар почеток“, вели тој.

Д-р Дејвид Џонсон, раководител на одделот за гастроентерологија на Медицинскиот факултет во Источна Вирџинија, додава дека свеста за штетното влијание на преработеното месо кај лекарите сè уште не е доволно распространета.

Преработеното месо спаѓа во првата група канцерогени

Врската помеѓу исхраната богата со преработено месо и ракот на дебелото црево е позната со години. Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира преработеното месо во првата група канцерогени, заедно со пушењето и алкохолот. Терминот преработено месо се однесува на месо кое било солено, сушено, ферментирано или пушено за да се продолжи рокот на траење или да се подобри вкусот, со додавање на конзерванси како што се нитрати.

Три хемиски компоненти се поврзани со зголемен ризик од рак на дебелото црево, објаснува проф. Улрике Питерс од Центарот за рак Фред Хачинсон во Сиетл: хем железо кое ги оштетува цревата, нитрати и амини кои се формираат кога месото се подготвува на високи температури. Иако самите нитрати не се канцерогени, тие се претвораат во соединенија во дигестивниот систем кои можe да предизвикаат тумори.

реклама

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Здравје

Кардиолозите препорачуваат една кратка активност за здраво срце

Read more

8 знаци дека не внесувате доволно влакна во вашата исхрана

Read more

Две навики го поттикнуваат тивкиот убиец на стомакот

Read more

Слобода на движење: Како да се справите со болките во грбот и вратот

Read more
 

Магазин

Што да јадете за обнова на колагенот во телото?

Читај повеќе

Кардиолозите препорачуваат една кратка активност за здраво срце

Читај повеќе

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Читај повеќе

Кој е „идеалниот“ број на сексуални партнери?

Читај повеќе

Како туристите ги уништија најубавите дестинации за одмор?

Читај повеќе

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Читај повеќе

Научниците откриja кога сме најсреќни во текот на денот и неделата

Читај повеќе

8 знаци дека не внесувате доволно влакна во вашата исхрана

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се најмодерните владини конвои?

Читај повеќе