Хронична болест што задоцнето се дијагностицира: Митови и факти за ендометриозата

Март е месец посветен на подигнување на свеста за ендометриозата – време да зборуваме отворено, да ги разбиеме митовите и да ги охрабриме жените да побараат помош, велат од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО).

Ендометриозата е хронична болест при која ткиво слично на ендометриумот (ткиво кое ја обложува внатрешноста на матката) расте надвор од матката, предизвикувајќи воспаление, болка и понекогаш неплодност.

Се проценува дека околу 190 милиони жени и девојки во репродуктивна возраст (околу 10%) во светот се погодени од оваа состојба.

Дијагнозата често доцни – во просек од 8 до 12 години од појавата на првите симптоми. Причина за ова е што болката често се смета за „нормален дел од менструацијата“, а многу жени не бараат медицинска помош навреме.

Ендометриозата може значително да го намали квалитетот на живот, да влијае на менталното здравје и работната способност, а кај 25–50% од жените со неплодност е присутна ендометриоза.

Митови и факти за ендометриозата

Мит: Силната менструална болка е нормална.

Факт: Болка која ве спречува во секојдневните активности не е нормална и бара медицинска проценка.

Мит: Само постари жени имаат ендометриоза.

Факт: Ендометриозата може да започне уште во адолесценција.

Мит: Ако имате ендометриоза, нема да можете да забремените.

Факт: Многу жени со ендометриоза успешно забременуваат, особено со соодветен третман.

Мит: Болеста се лекува со бременост.

Факт: Бременоста може привремено да ги намали симптомите, но не ја лекува болеста.

Зошто е важно раното препознавање?

Раното препознавање и соодветниот третман можат да помогнат во:

• намалување на хроничната болка

• подобрување на квалитетот на живот

• зачувување на репродуктивното здравје

• намалување на компликациите

Достапните третмани вклучуваат медикаментозна терапија, хормонска терапија и хируршки третман, во зависност од симптомите и индивидуалните потреби на пациентката.

Ниту една жена не треба да живее со хронична болка како „нормална“.

Препознавањето на симптомите, навременото обраќање кај гинеколог и информираноста се клучни чекори за рана дијагноза и подобар квалитет на живот.

реклама

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Read more

Здравје

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Read more

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Read more

Опасни комбинации на суплементи што треба да се избегнуваат

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more
 

Магазин

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Читај повеќе

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Читај повеќе

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Читај повеќе

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе