Ракот на дебелото црево станува сè почест, особено кај помладите луѓе, што ги загрижува лекарите.
„Стапката на смртност од рак на дебело црево кај луѓе под 50 години не само што се зголемува, туку сега е водечка причина за смрт од рак во таа возрасна група“, предупредува гастроентерологот Лејбелис Падиља за Parade. Иако причината не е целосно јасна, лекарите нагласуваат дека начинот на живот и исхраната играат важна улога. Истражувањата покажуваат дека редовната консумација на одредени видови овошје може да помогне во намалувањето на ризикот.
Редовното јадење јаболка е поврзано со 25 проценти помал ризик од рак на дебелото црево. Д-р Џејмс Кокс, исто така гастроентеролог, објаснува дека причината е во влакната и флавоноидите, кои дејствуваат како антиоксиданси и го намалуваат воспалението.
„Јаболката содржат растворливи влакна, кои ги хранат здравите бактерии во цревата“, додава д-р Парик.
Јадењето киви е поврзано со 13 проценти помал ризик од колоректален карцином.
„Кивито е богато со витамин Ц, влакна и ензими како актинидин, кои помагаат во одржувањето на здрав цревен микробиом“, вели д-р Парик.
Една студија покажа дека јадењето две киви дневно може да го ублажи запекот, што е важно бидејќи, како што објаснува д-р Кокс, побрзото поминување на храната низ дигестивниот систем може да го намали ризикот од рак.
Цитрусите како портокали, лимони и грејпфрут се поврзани со девет проценти помал ризик од колоректален карцином.
„Цитрусите се богати со витамин Ц и флавоноиди, кои имаат моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства и помагаат во одржувањето на здрава цревна слузница“, вели д-р Парих.
Иако не се споменува конкретно во анализата, д-р Парих препорачува редовно јадење зрнесто овошје (бобинки), како боровинки, малини, јагоди и слично.
„Бобинките се богати со влакна и полифеноли, кои се поврзани со намален ризик од рак на дебелото црево“, вели тој. Д-р Кокс нагласува дека разновидна исхрана е клучна, додека д-р Падиља заклучува:
„Важно е да не се фокусирате само на една храна бидејќи разновидноста на исхраната е клучна за здравјето, особено за цревниот микробиом“.