Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат жените?

Неодамнешните истражувања покажаа дека најмалку 40 милиони жени веројатно ќе доживеат долгорочни здравствени проблеми предизвикани од породувањето.

Истражувањето, објавено во списанието The Lancet Global Health, откри големо оптоварување на постнатални состојби кои многу жени ги трпат со месеци, па дури и со години по породувањето. Целта на истражувањето беше да се разоткријат овие проблеми кои здравствениот систем треба повеќе да ги препознава, пренесува HuffPost.

Истражувањето ги истакнува најчестите проблеми со кои се соочуваат жените по породувањето.

Болка за време на сексуален однос (диспареунија), која влијае на повеќе од една третина од жените по породувањето (35%)

Болка во долниот дел на грбот (32%)

Анална инконтиненција (19%)

Уринарна инконтиненција (8-31%)

Анксиозност (9-24%)

Депресија (11-17%)

Болка во перинеумот (11%)

Страв од породувањето (6-15%)

Секундарна неплодност (11%)

Покрај нагласените, истражувањето опфати и неколку други здравствени проблеми кои можат да се појават, но се многу поретки.

Пролапс на карличните органи

Посттрауматско стресно нарушување

Нарушување на тироидната жлезда

Маститис

ХИВ сероконверзија

Оштетени нерви

Психоза

Венски тромбоемболизам

Перипартална кардиомиопатија

Сите овие проблеми може да имаат долгорочни социјални, економски и здравствени последици за жените и нивните семејства. Како што истакнаа авторите на студијата, овие проблеми во голема мера се игнорирани во клиничкото истражување, практика и политика, пренесува HuffPost.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Здравје

Кој алкохол е најмногу штетен за срцето?

Read more

Ново важно сознание за синдромот на нервозни црева (IBS)

Read more

Седум знаци дека јадете премногу шеќер

Read more

Грешки за кои можеби не знаете дека доведуваат до главоболки

Read more
 

Магазин

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Читај повеќе

Мотивацијата за вежбање најмногу опаѓа на одредена возраст

Читај повеќе

Што значи кога кучињата ги испружуваат шепите кон сопствениците?

Читај повеќе

Разбивање митови: Паста за заби на мозолчиња - да или не?

Читај повеќе

Колку време треба да помине за да го преболите бившиот?

Читај повеќе

Како правилно да нанесете парфем за да трае подолго?

Читај повеќе

Пролетна салата со макарони, варени јајца и ротквици

Читај повеќе

Зошто мажите загадуваат повеќе од жените?

Читај повеќе

Кој алкохол е најмногу штетен за срцето?

Читај повеќе