Колку се штетни пржените компири за вашето здравје?

Иако се меѓу најпопуларните намирници во светот, редовното јадење пржени компири има последици кои тешко дека ќе ги избегнете во блиска и подалечна иднина.

Според студијата објавена во The American Journal of Clinical Nutrition, спроведена на 4.500 возрасни лица, јадењето пржен помфрит повеќе од двапати неделно може да го удвои ризикот од прерана смрт. Сепак, треба да се знае дека истражувачите истакнале дека проблем е маслото во кое се пржат компирите, а не самиот компир. Истражувачите не успеаја да го поврзат компирот подготвен на други начини со поголем ризик од прерана смрт.

Покрај тоа, има уште неколку несакани ефекти од честото јадење пржен помфрит кои би можеле да ве убедат да намалите со брзата храна.

1. Може да ве боли стомакот

Телото ги вари мастите побавно од јаглехидратите и протеините. А со оглед на начинот на подготовка, помфритот има повеќе калории, па ќе остане во вашиот стомак подолго од поздравата храна. Според една студија објавена во списанието Ultrasound International Open, ова резултира со болки во стомакот, како и гадење, дијареа, надуеност и грчеви.

2. Ќе го зголемите ризикот од срцеви заболувања

Студијата спроведена на 150.000 воени ветерани покажа дека консумирањето пржена храна три пати неделно го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар за 7 проценти. Кога учесниците во студијата секојдневно консумирале пржена храна, нивниот ризик се удвоил на 15 проценти.

3. Ќе се здебелите

Кога храната се пржи на масло, таа станува калориска бомба. Студијата објавена во The American Journal of Clinical Nutrition покажа дека јадењето пржена храна е директно поврзано со случаи на прекумерна дебелина. Ова е една од ретките причини зошто пржениот компир е рангиран меѓу 101 најнездрава брза храна на планетата.

4. Имунолошки систем може да ослаби

Според една студија објавена во списанието Current Opinion in Clinical Nutrition & Metabolic Care, ако јадете масна храна (што го правите ако јадете многу пржени компири), може да го оштетите цревниот микробиом со зајакнување на нездравите бактерии и намалување на поздравите бактерии. Со оглед на улогата на цревата во информирањето на имунолошкиот систем, може да го изложите вашето тело на болести.

5. Штети на здравјето на мозокот

Според 10-годишното истражување во кое учествувале 1.600 постари луѓе во Јапонија и објавено во списанието Neurology, луѓето со највисоко ниво на индустриски транс-масти во крвта имале до 75 отсто поголеми шанси да развијат Алцхајмерова болест или деменција. Ова е една од многуте причини зошто помфритот не е меѓу најдобрите намирници за вашиот мозок.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Здравје

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Read more

Првиот симптом на тумор на мозок што не треба да го игнорирате

Read more
 

Магазин

  • filter

Пролетно освежување: Како да го преуредите домот за малку пари?

Читај повеќе

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Читај повеќе

Десерт на денот: Брза пита пита со јаболка и ореви

Читај повеќе

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Читај повеќе

Пет навики што ќе ве зближат со партнерот

Читај повеќе

Како да препознаете дали на вашето тело му недостасуваат протеини?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако јадете бел леб секој ден?

Читај повеќе

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Читај повеќе