Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Инсулинската резистенција е многу почеста отколку што мислат многумина – и може незабележливо да влијае на нашата тежина, енергија, хормони и општо здравје.

Натуропатската докторка Лила, која има и магистер по нутриционизам, неодамна на TikTok сподели пет јасни знаци дека вашето тело можеби не реагира на инсулинот како што треба.

„Инсулинската резистенција значи дека телото и понатаму произведува премногу инсулин“, објаснува таа. „А инсулинот му праќа сигнал на телото да складира масти.“ Резултатот? Низа симптоми кои често остануваат незабележани.

Во продолжение ги наведуваме знаците на кои треба да обрнете внимание.

Упорно дебелеење, особено околу стомакот

Еден од најзабележливите знаци на инсулинска резистенција е неможноста да се ослабне или необјасниво дебелеење, особено во пределот на стомакот. „Инсулинот му кажува на телото да складира масти“, вели д-р Лила. Ако дебелеете иако се храните здраво или чувствувате дека маснотиите од стомакот никако не се губат, инсулинската резистенција може да биде една од причините.

Висок крвен притисок

Ако ви се зголемува крвниот притисок без јасна причина, тоа може да биде поврзано со инсулинската резистенција. „Инсулинската резистенција може да доведе до задржување на вишок течности во телото“, објаснува д-р Лила, „а тоа може да предизвика покачен крвен притисок.“ Ова задржување течности дополнително го оптоварува вашиот кардиоваскуларен систем, уште еден скриен ефект од неурамнотежениот инсулин.

Пад на енергијата попладне

Ако секое попладне ве обзема замор и имате чувство дека ви треба дремка за да функционирате нормално, тоа не е случајно. „Тоа може да биде знак дека имате проблеми со инсулинската резистенција“, вели таа. Заморот, особено попладне, може да укажува дека телото тешко одржува стабилно ниво на шеќер во крвта.

Постојана желба за шеќер и јаглехидрати

Ако постојано посегнувате по слатки или ви треба брза доза јаглехидрати за да го издржите денот, тоа можеби не е само навика. „Ако постојано копнеете по јаглехидрати или слатко, или ако станувате нервозни кога сте гладни“, вели д-р Лила, „можно е да се работи за инсулинска резистенција.“ Овие желби често се јавуваат затоа што клетките не добиваат доволно гликоза, иако шеќерот во крвта е покачен.

Хормонални акни, особено кај жени

Поткожни мозолчиња во пределот на вилицата и брадата може да укажуваат на нешто повеќе од проблем со кожата. „Вишокот инсулин може да поттикне зголемено лачење тестостерон кај жените“, објаснува д-р Лила. „Затоа кај жените со PCOS (синдром на полицистични јајници) често се среќаваат покачени нивоа на тестостерон, а истовремено и инсулинска резистенција.“

Како точно да знаете дали имате инсулинска резистенција?

Додека многу лекари ја следат глукозата на гладно или HbA1C, д-р Лила препорачува дополнително испитување: „Треба да се провери нивото на инсулин на гладно. Повеќето лекари се фокусираат на глукозата и HbA1C, но тоа не ви кажува многу за тоа што се случува со инсулинот.“

Таа додава: „Идеалното ниво на инсулин ми е околу 5. Кога ќе почне да расте на 9, 10, 11 или 12, тогаш веќе зборуваме за инсулинска резистенција.“ Инсулинската резистенција е многу честа и често непрепознаена, но раното препознавање на знаците, како дебелеење, желба за храна или замор, може да ни помогне да реагираме навреме.

реклама

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Read more

Лавров ги соопшти руските услови за мир

Read more

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Read more

Грција воведува построги правила: Што значи ова за туристите од Македонија?

Read more

Здравје

Доктор предупредува зошто не треба да пиете кафе веднаш по будењето

Read more

Помалку познати симптоми кои можат да укажуваат на бременост

Read more

Зошто никогаш не треба да го носите телефонот во WC?

Read more

Онколог споделува шест навики што го зголемуваат ризикот од рак

Read more
 

Магазин

Доктор предупредува зошто не треба да пиете кафе веднаш по будењето

Читај повеќе

Говорот на телото може многу да открие: Како да препознаете дали партнерот ве лаже?

Читај повеќе

Помалку познати симптоми кои можат да укажуваат на бременост

Читај повеќе

Зошто постарите луѓе имаат специфичен мирис?

Читај повеќе

Светски ден на чоколадото: Објавена мапа на земјите според потрошувачката, како стои Македонија?

Читај повеќе

Кое е најлошото време за наводнување на градината во лето?

Читај повеќе

Една состојка може да ја спаси вашата градина од суша

Читај повеќе

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Читај повеќе

Колкав коефициент на интелигенција има просечниот Македонец?

Читај повеќе