Марихуана или алкохол: Што остава посериозни долгорочни последици?

Експерти од Институтот за човечка анатомија детално ги објаснија клучните разлики помеѓу консумирањето алкохол и канабис, две од најчесто користените супстанции во светот, за да покажат која носи поголем долгорочен ризик по здравјето. Во нивната анализа, тие користеле вистински човечки трупови за јасно да покажат како овие супстанции минуваат низ органите и како влијаат на хемијата на мозокот.

Кога алкохолот ќе влезе во телото, тој многу брзо се шири низ целото тело бидејќи лесно се раствора во вода и поминува низ клеточните мембрани. THC, психоактивната состојка во канабисот, се однесува поинаку. Бидејќи е растворлив во масти, се акумулира во масните ткива, вклучувајќи го и мозокот, и затоа останува во телото многу подолго.

Видео објавено на YouTube каналот на Институтот објаснува дека кога канабисот се пуши, THC стигнува до крвотокот во рок од неколку минути. Кај јадливите производи, патот е различен бидејќи THC прво поминува низ црниот дроб, што може да го направи ефектот посилен и подолготраен. Алкохолот, од друга страна, има попредвидлив пат: се апсорбира преку желудникот и тенкото црево.

Алкохолот ги оштетува органите, THC ја менува функцијата на мозокот

„Кај алкохолот, ефектите најчесто се гледаат како директно и постепено оштетување на органите со текот на времето“, објасни Џонатан Бенион, директор за образование во Институтот за човечка анатомија. „Алкохолот ја забавува мозочната активност и, на долг рок, е поверојатно да предизвика директно оштетување на органите, особено на црниот дроб. Исто така, јасно е поврзан со поголем ризик од рак. 

THC, од друга страна, го менува начинот на кој мозокот ги обработува сигналите, а неговите ефекти често се повеќе функционални отколку структурни.“

„Црните дупки“ од алкохолот се поопасни од „мозочната магла“

Една од опасностите од консумирање алкохол е тоа што, како што се зголемува дозата, мозокот може да ја изгуби својата способност да формира нови сеќавања.

„Ова води до 'црни дупки', за време на кои лицето може да биде будно, да зборува и да комуницира, но подоцна да нема сеќавање на тоа што се случило“, вели Бенион. 

„THC не го спречува формирањето на сеќавањата на ист начин, но го менува или се меша во начинот на кој информациите се обработуваат и составуваат. Алкохолот може да го потисне формирањето на сеќавањата, додека THC првенствено го нарушува когнитивното процесирање.“

Разлика во ризикот од рак и долгорочните ефекти

Бидејќи алкохолот е класифициран како канцероген, Бенион објаснува дека „организации како Светската здравствена организација нагласуваат дека не постои безбедно ниво на консумирање алкохол за долгорочно здравје и дека дури и умереното внесување може да придонесе за ризик од рак со текот на времето“.

„Што се однесува до самиот THC, особено кога се консумира во непушени форми како што се јадливи производи, во моментов нема силни докази дека директно предизвикува рак на типични нивоа на употреба“, додава тој. 

„Алкохолот има добро воспоставена врска со ризикот од рак, кој се зголемува со консумираната количина. За THC, врската е помалку јасна и во голема мера зависи од начинот на кој се консумира“.

Според Институтот за човечка анатомија, алкохолот генерално предизвикува подиректна физичка штета, додека THC првенствено ја менува функцијата на мозокот и когнитивните способности, особено со честа консумација.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Здравје

Доктор предупредува кој суплемент да не се меша со млечни производи

Read more

Три симптоми на дијабетес што се појавуваат веднаш по будењето

Read more

Зошто доаѓа до неконтролирано тресење на целото тело по породувањето?

Read more

Како кафето влијае на психата?

Read more

Магазин

Знаци што не треба да ги игнорирате: Дали сте претерале со вежбање?

Читај повеќе

Која е најевтината all inclusive дестинација за одмор ова лето?

Читај повеќе

Доктор предупредува кој суплемент да не се меша со млечни производи

Читај повеќе

Правилото 5:1 ја зајакнува врската на родителите со детето

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Мусака од тиквички

Читај повеќе

Лето 2026: Сè се менува од корен за 4 хороскопски знаци

Читај повеќе

Што треба да пиете по вечерата ако сакате да слабеете?

Читај повеќе

Три симптоми на дијабетес што се појавуваат веднаш по будењето

Читај повеќе

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Читај повеќе