Пет намирници кои се поздрави отколку што мислите

Некои намирници со текот на времето добиле лоша репутација – често ги избегнуваме во продавниците, ги прескокнуваме на менито и ги ставаме во категоријата „нездраво“.

Но, можеби сме ги осудиле пребрзо. Според понови истражувања, многу од тие намирници всушност имаат значајни здравствени придобивки. Покрај тоа, стручњаците предупредуваат дека означувањето на храната како „добра“ или „лоша“ не е корисно.

„Строгата забрана на одредени намирници внесува чувство на вина на трпезата, а таму не му е местото. Повеќе корист носи разгледувањето на контекстот во кој се консумира одредена храна и вкупната рамнотежа на исхраната. Фокусирајте се на целосни, минимално обработени намирници и слушајте ги сигналите на сопственото тело“, вели доктор Стивен Дамер за Vogue.

Значи, според лекарот и разни студии, ова се намирници кои се поздрави отколку што можеби мислиме.

Компир

Компирот можеби е синоним за „храна за утеха“, но не се работи само за „празни јаглехидрати“. Тој е всушност богат со витамин Ц, калиум и влакна, а содржи и флавоноиди, каротеноиди и фенолни киселини, кои – според истражувањата – можат да штитат од кардиоваскуларни болести и рак, како и да имаат противвоспалително дејство.

Исто така содржи отпорен скроб, кој е корисен за чувствителноста на инсулин и здравјето на цревната микробиота. Но начинот на подготовка во голема мера влијае на придобивките – варениот компир треба да се излади и да стои најмалку 12 часа пред консумација. За дополнителни придобивки, се препорачува да се јаде со лушпата.

Кафе

Познато е дека премногу кафе може да предизвика анксиозност, но ако се консумира умерено, има бројни здравствени придобивки. Богато е со антиоксиданси и се поврзува со намален ризик од повеќе болести, вклучувајќи Алцхајмерова и Паркинсонова болест, срцеви болести, дијабетес тип 2, па дури и одредени видови рак.

За да се избегнат непријатни последици како трема или нагло опаѓање на енергијата, се препорачува да не се пијат повеќе од четири шолји дневно. Освен тоа, важно е да се има предвид дека сите различно реагираат на кофеинот.

Путер

Поради високиот процент на масти и холестерол, путерот често се смета за лош избор. Сепак, содржи бројни корисни масни киселини и витамини растворливи во масти како А и Е, а исто така му помага на телото да ги апсорбира тие хранливи материи од други намирници. Извор е и на бутиратна киселина, која може позитивно да влијае на цревната микробиота, да го регулира метаболизмот и да го поддржи здравјето на цревата.

Покрај тоа, содржи и конјугирана линолна киселина (CLA), која може да го поттикне имунитетот и да има антиканцерогено дејство. „Клучот е во свесниот и умерен пристап кон изборот на храна“, истакнува д-р Дамер.

Сирење

Сирењето можеби не делува како најздрав избор, но всушност е добар извор на калциум, здрави масти и протеини. Исто така содржи важни нутриенти како витамин Б12 и фосфор, а консумацијата на млечни производи може да ја намали нивото на штетен LDL холестерол и значително да го намали ризикот од мозочен удар. Квалитетните сирења можат да понудат и пробиотски придобивки ако се произведени од ферментирано млеко.

„Ферментираната храна – како кефир, јогурт, кимчи и кисела зелка – е богата со пробиотици кои го поддржуваат здравјето на цревата и имунолошката функција. Премалку се цени, иако значително придонесува за дигестивното здравје и општото чувство на благосостојба“, наведува лекарот.

Чоколадо

Чоколадото е богато со полифеноли и антиоксиданси кои можат да придонесат за здравјето на срцето и да ги намалат воспаленијата. Бројни истражувања покажале дека исто така може да ја подобри мозочната функција и да го зајакне имунитетот. Но, тоа не е изговор за прекумерна консумација на омилениот слаткиш – најдобар избор е темно чоколадо со висок процент на какао. Белото чоколадо, пак, содржи само какао путер, без никакви здравствени придобивки.

реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Здравје

Која физичка активност е најдобра за ослободување од болките во грбот?

Read more

Кога сувите, испукани пети се знак на болест?

Read more

5 летни навики што ги влошуваат проблемите со варењето и надуеноста

Read more

Можете да го намалите високиот холестерол без лекови: Најдобрите намирници за срце

Read more

Магазин

Вода со лимон: Од хидратација до помош за слабеење

Читај повеќе

Која физичка активност е најдобра за ослободување од болките во грбот?

Читај повеќе

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Читај повеќе
  • filter

Латино дивата знае како да привлече внимание: Деколтето на Џеј Ло го „освои“ Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Читај повеќе
  • filter

Иуте ги прогласи победниците на IutePay студентскиот иновациски предизвик

Читај повеќе

Кога сувите, испукани пети се знак на болест?

Читај повеќе

5 летни навики што ги влошуваат проблемите со варењето и надуеноста

Читај повеќе

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе