Седум причини зошто треба почесто да јадете спанаќ

Спанаќот се смета за еден од најздравите видови зелен лиснат зеленчук. Хранливата вредност на спанаќот вклучува антиоксиданси и витамини кои придонесуваат за превенција од болести и за здравјето на мозокот, срцето и очите. Покрај тоа, спанаќот е одлична храна за оние кои сакаат да ослабат, бидејќи содржи малку калории.

Може да се конзумира варен, свеж, замрзнат или сиров. Доколку сакате да го консумирате и не сте љубители на самиот вкус, додајте го во ладни салати или смути за да го прикриете вкусот. Група експерти за порталот Health ги издвоија најпознатите придобивки од конзумирањето спанаќ, во продолжение ви откриваме кои се тие.

Може да го регулира крвниот притисок

Спанаќот е извор на нитрати, природни хемиски соединенија кои ги прошируваат крвните садови, го подобруваат протокот на крв и го намалуваат обемот на работа на срцето. Една студија од 2016 година, објавена во списанието J Nutr., во која учествуваа седум жени и единаесет мажи, покажа дека консумирањето на четири пијалоци богати со нитрати, вклучително и пијалок од спанаќ, го зголемува нивото на нитрати во крвта.

Напитокот од спанаќ го намалува и крвниот притисок, при што дијастолниот крвен притисок останува низок пет часа по консумирањето. Дијастолниот притисок, долниот број во отчитувањето на крвниот притисок, го покажува притисокот во артериите помеѓу отчукувањата на срцето, пренесува Health.

Содржи многу хранливи материи

Спанаќот е богат со хранливи материи и е нискокалоричен. Три шолји спанаќ обезбедуваат преку 300 проценти од дневната вредност на витамин К. Исто така, обезбедуваат над 160 проценти од дневната вредност на витамин А и 40 проценти од витамин Ц. Витамините К и А го поддржуваат здравјето на коските, додека витаминот Ц помага во заздравувањето на раните, истакнуваат здравствените експерти.

Спанаќот содржи 45 проценти од дневната вредност на фолати, витамин Б кој придонесува за формирање на црвени крвни зрнца и ДНК. Содржи и железо, магнезиум, калиум, калциум и мали количини на други витамини од групата Б.

Може да помогне да се спречат болести

Соединенијата во спанаќот може да го намалат оксидативниот стрес. Како што пишува Health, оксидативниот стрес претставува нерамнотежа помеѓу антиоксидансите и слободните радикали, нестабилни атоми кои можат да ги оштетат клетките. Некои истражувања сугерираат дека оксидативниот стрес го зголемува ризикот од неколку болести, вклучувајќи рак, срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Содржи антиоксиданси

Спанаќот е богат со антиоксиданси кои го намалуваат воспалението и штитат од болести. Антиоксидансите во спанаќот вклучуваат кемпферол, кверцетин, мирицетин и изорхамнетин, кои се флавоноиди. Овие соединенија можат да го намалат ризикот од рак, срцеви заболувања и воспалителни болести.

Може да го поддржи здравјето на очите

Лутеинот, антиоксиданс во спанаќот, може да го намали ризикот од макуларна дегенерација (AMD) поврзана со возраста. Оваа болест на очите може да ја замати визуелната острина потребна за читање и возење. AMD е водечка причина за губење на видот кај луѓето постари од 55 години, а превенцијата е клучна бидејќи AMD нема лек, пишува Health.

Истражувањата покажаа дека спанаќот, богат со лутеин, ја зголемува оптичката густина на макуларниот пигмент (MPOD). Овој пигмент делува како внатрешни очила за сонце кои ги штитат вашите очи. Намалениот MPOD е ​​фактор на ризик за AMD.

Го нмалува ризикот од когнитивно опаѓање

Антивоспалителните ефекти на спанаќот помагаат во спречување на когнитивниот пад поврзан со возраста. Една студија од 2015 година, објавена во Alzheimers Dement., ги следела навиките во исхраната и когнитивните способности на повеќе од 900 луѓе на возраст од 58 до 98 години во текот на пет години.

Резултатите покажале дека луѓето кои консумирале една до две порции лиснат зеленчук дневно имале когнитивни способности еквивалентни на луѓе 7,5 години помлади.

За здрав дигестивен систем

Спанаќот е извор на нерастворливи влакна кои го поддржуваат варењето. Влакната се јаглехидрати кои ве одржуваат сити и помагаат во одржување на редовното празнење на дебелото црево. Нерастворливите влакна помагаат храната полесно да помине низ дигестивниот систем, спречувајќи запек. Исто така, влакната во спанаќот го зголемуваат обемот на столицата.

Важно е да се консумира сиров спанаќ за максимален внес на лутеин. Греењето во микробранова печка е најдобриот начин за зачувување на витаминот К, додека бланширањето значително ја намалува содржината на витамин Ц. Готвењето го намалува нивото на витамин Е, но ја зголемува содржината на витаминот А.

Тагови
реклама

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Најмалку 96 загинати кај Сеута; Спасувачите: Глетката беше ужасна

Read more

Од последиците од невремето се создава нова вредност за Водно и Скопје – во подготовка нов моторички парк од паднатите дрвја

Read more

Американска компанија стигна на Гренланд: Ќе дупчи за нафта без дозвола од локалните власти

Read more

Здравје

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Read more

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Read more

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Read more

Храна и пијалаци што не треба да се консумираат ако земате магнезиум

Read more

Магазин

Носите паметен часовник? На едно нешто треба да внимавате, посебно во лето

Читај повеќе

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Читај повеќе

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе

Чорба вендинг машина

Читај повеќе

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Читај повеќе

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Читај повеќе
  • play_arrow

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Читај повеќе

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Читај повеќе