Почнувањето на денот со здрав пијалак може да има големо влијание врз нашата енергија, расположение и варење.
Телото се буди наутро и бара нежен поттик што ќе го активира метаболизмот и ќе го зајакне имунолошкиот систем. Наместо веднаш да посегнете по кафе, разни експерти препорачуваат други пијалаци кои помагаат во враќањето на рамнотежата во дигестивниот систем.
Ваквите пијалаци не само што помагаат во варењето, туку и придонесуваат за подобра апсорпција на хранливи материи во текот на денот. Значи, според разни консултанти за исхрана, ова се три утрински пијалаци кои придонесуваат за регулирање на варењето и зајакнување на имунитетот.
Еден од најпознатите и наједноставните пијалаци за утрото е топлата вода со лимон. Овој пијалак ги стимулира цревата, помага во исфрлањето на токсините од телото и има алкален ефект, што ја балансира pH вредноста на телото. Експертите за исхрана нагласуваат дека е важно да се пие на празен стомак за да се стимулира варењето и да се подготви телото за внесување храна. Покрај тоа, лимонот е богат со витамин Ц, кој помага во зајакнување на имунитетот и ги штити клетките од оксидативен стрес.
Познато е дека зелениот чај содржи антиоксиданси, особено катехини, кои го поддржуваат имунолошкиот систем и ги намалуваат воспалителните процеси во телото.
Редовното пиење зелен чај може да помогне во регулирањето на варењето, а исто така придонесува за подобро согорување на мастите. Според различни консултанти за исхрана, зелениот чај е добар избор за оние кои сакаат блага доза на кофеин, но и долготрајно чувство на енергија без нагло опаѓање како по кафе.
Кефирот е ферментиран пијалак богат со корисни бактерии кои ја зајакнуваат цревната микрофлора и го поддржуваат имунолошкиот систем. Редовното консумирање кефир наутро може да ги намали дигестивните нарушувања како што се надуеност и бавно варење.
Важно е да се изберат природни, незасладени сорти, бидејќи додадените шеќери можат да ги намалат неговите корисни ефекти. Овој пијалак е особено корисен во периоди кога имунитетот е ослабен, како на пример за време на промената на годишните времиња.