Ако спиете помалку од 6 часа моќе, тоа може негативно да влијае на вашето здравје. Експертите објаснија зошто е важно да обрнете внимание на тоа колку долго спиете.

Слабеењето на имунолошкиот систем е само една од последиците.
Докторката Сју Пикок британски Metro објасни што се случува: „Додека спиете, вашиот имунолошки систем произведува заштитни супстанции како цитокини кои се борат против инфекции. Телото ги користи овие супстанции за борба против бактерии и вируси. Овие цитокини исто така ви помагаат да спиете, давајќи му на вашиот имунолошки систем повеќе енергија за да го одбрани вашето тело од болести“.
Ако не спиете барем 6 часа, вашето тело нема да произведува доволно цитокини, што го намалува одговорот на телото на инфекции. Значи, вашата подложност на болести се зголемува и ќе ви треба повеќе време за да се опоравите.
Покрај горенаведеното, недостатокот на сон ќе ја зголеми вашата анксиозност и депресија. Може да влијае на тироидните хормони, предизвикувајќи проблеми кај жените со менструација.
Докторката Катарина Ледерле вели: „Недостатокот на сон кај здрави млади жени во фоликуларната фаза е поврзан со значително зголемување на нивоата на тироид-стимулирачкиот хормон (TSH). Високите нивоа на TSH предизвикуваат менструални нарушувања, ановулација (кога јајце-клетката не е ослободена), аменореа (отсуство на менструација) и повторливи спонтани абортуси“.

Понатаму, недостатокот на сон предизвикува зголемување на телесната тежина бидејќи ги намалува нивоата на хормони како што се кортизол, лептин и грелин во крвта. Овие хормони нормално ја контролираат тежината.
„Истражувањата покажуваат дека луѓето се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања како што се хипертензија, мозочен удар и срцев удар. Исто така, постои зголемен ризик од дијабетес и други хронични состојби“, додаде Пикок.