Во кој дел од денот треба да вежбате за намалување на шеќерот во крвта?

Умерено и поинтензивно вежбање попладне или навечер, односно помеѓу пладне и полноќ, го намалува нивото на шеќер во крвта повеќе отколку физичката активност распределена во текот на денот, покажуваат резултатите од новата холандска студија објавена во списанието Diabetologia.

Студијата покажа дека вежбањето во наведениот период може да ја намали инсулинската резистенција до една четвртина.

Инсулинската резистенција е состојба при која има доволно инсулин во телото, но тој „не делува или делува намалено“, што резултира со развој на преддијабетес, а потенцијално и дијабетес тип 2. Инсулинот е хормон кој, меѓу другото, го регулира метаболизмот на јаглехидрати и метаболизмот на шеќери. Главната задача на инсулинот е да го олесни трансферот на шеќерот, главниот извор на енергија, од крвта до целните ткива (црн дроб, мускули, масно ткиво).

Гликозата во крвта останува во здрав опсег се додека панкреасот може да произведе доволно инсулин за да го надмине слабиот одговор на клетките, но понекогаш нивото на гликоза се зголемува премногу и шеќерот останува во крвотокот.

Во студијата беа вклучени 6.671 луѓе

Новата студија беше спроведена од д-р Јероен ван дер Велде и неговите колеги од Медицинскиот центар на Универзитетот Лајден во Холандија. Следејќи ја физичката активност на 775 испитаници во текот на 4 дена, авторите на студијата открија дека умерената до силна физичка активност ја намалува содржината на масти во црниот дроб и отпорноста на инсулин, а вежбањето попладне или навечер е поврзано со намалена отпорност на инсулин за 18, односно 25 проценти, во споредба со со испитаниците активни во текот на денот.

Користени се податоци од холандската епидемиолошка студија за дебелина (NEO), која опфати мажи и жени на возраст меѓу 45 и 65 години со индекс на телесна маса (BMI) од 27 или повеќе, што ги класифицира како со прекумерна тежина или гојазни.

Како дел од студијата била ангажирана и контролна група, па во целата студија биле вклучени 6.671 лице. Сите биле подложени на лекарски преглед при што биле земени примероци од крв за мерење на нивото на гликоза и инсулин во крвта после постот и после јадење.

Потребни се дополнителни истражувања

Претходните студии покажаа и поголемо намалување на гликозата при тешки вежби попладне во споредба со утринските кај дијабетес тип 2, а оваа студија го потврди тоа и кај општата популација.

Истражувачите заклучија дека „резултатите сугерираат дека времето на физичка активност во текот на денот е релевантно за благотворното влијание на физичката активност врз чувствителноста на инсулин“. Тие сметаат дека „дополнителните истражувања треба да проценат дали времето на физичка активност е навистина важно во развојот на дијабетес тип 2“.

реклама

Зошто се носи ловоров лист во паричникот?

Read more

Мурињо конечно призна: Го провоцирав со тактики, но ништо не функционираше

Read more

Balkan Dad откри за кого ќе гласа на изборите во Србија

Read more

Германија воведува „рана пензија“: Државата ќе издвојува по 10 евра месечно за секое дете

Read more

Здравје

Која храна содржи повеќе железо и од црвеното месо?

Read more

Две болести на црниот дроб поврзани со една вообичаена навика во исхраната

Read more

Хемоглобин A1c: Што ни кажува овој крвен тест за шеќерот во нашето тело?

Read more

Зимско или летно сметање на времето: Што е подобро за здравјето?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Balkan Dad откри за кого ќе гласа на изборите во Србија

Читај повеќе

Во најромантичната земја се наоѓа најопасната населба во Европа

Читај повеќе

Зошто се носи ловоров лист во паричникот?

Читај повеќе

Која храна содржи повеќе железо и од црвеното месо?

Читај повеќе

Хороскопски двојки кои постојано се враќаат заедно, дури и кога не треба

Читај повеќе

Две болести на црниот дроб поврзани со една вообичаена навика во исхраната

Читај повеќе

Телото ви е во различна временска зона наутро: Феноменот одговорен за понеделничкиот пекол

Читај повеќе

Дали е подобро да вежбате пред или по појадокот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто воопшто ставаме ловоров лист кога готвиме?

Читај повеќе