Започнете го денот без надуеност со три едноставни промени

Надуеноста може да биде непријатен почеток на денот - чувството на тежина, напнатоста во стомакот и намалената енергија влијаат на вашето расположение и продуктивност.

Иако причините можат да бидат различни, од навики во исхраната до дигестивни нарушувања, неколку едноставни утрински рутини можат да помогнат во ублажување или спречување на овој проблем.

1. Чаша топла вода со лимон

Започнувањето на денот со чаша топла вода со неколку капки свеж сок од лимон го стимулира дигестивниот систем и може да помогне во отстранувањето на вишокот гасови од цревата. Топлата вода ја стимулира цревната перисталтика, а лимонот делува како благ природен детоксификатор. Оваа навика помага и во хидрирање на телото по ноќта, што е клучно за правилно варење.

2. Лесни вежби или кратка прошетка

Физичката активност, дури и во блага форма, го поттикнува движењето на храната и гасовите низ дигестивниот систем. Само пет до десет минути лесно истегнување или утринска прошетка можат значително да го намалат чувството на надуеност. Вежбите што вклучуваат нежно извртување на торзото или јога пози, се особено ефикасни за ублажување на абдоминалниот притисок.

3. Јадете појадок богат со растителни влакна

Прескокнувањето на појадокот може да го забави варењето на храната, но јадењето премногу наутро може да ја влоши подуеноста. Идеално е да го започнете денот со лесен оброк богат со растителни влакна и протеини - на пример, овесна каша со овошје, јогурт и семки од чиа или леб од цело зрно со авокадо. Влакната го поттикнуваат редовното варење, а избалансираниот оброк го намалува ризикот од скокови на шеќерот во крвта, што може да влијае и на празнењето на цревата.

Подуеноста често може да се ублажи со правење мали, но постојани промени во вашата утринска рутина. Комбинацијата од хидратација, лесни вежби и избалансиран појадок може да ви помогне да го започнете денот без непријатното чувство на притисок во стомакот и со повеќе енергија.

Тагови
реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Здравје

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Read more

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Read more

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Read more

Храна и пијалаци што не треба да се консумираат ако земате магнезиум

Read more

Магазин

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе

Чорба вендинг машина

Читај повеќе

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Читај повеќе

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Читај повеќе
  • play_arrow

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Читај повеќе

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Читај повеќе

Шахтите ги избрусија, уште знамето остана да им пречи

Читај повеќе

Храна и пијалаци што не треба да се консумираат ако земате магнезиум

Читај повеќе