Зошто треба да испиете чаша вода веднаш штом ќе се разбудите?

Некои лекари советуваат да чувате чаша вода на собна температура покрај креветот и да ја пиете веднаш штом ќе се разбудите за да го намалите утринскиот ризик од кардиоваскуларни проблеми.

Според д-р Алберто Санагустин, периодот веднаш по будењето, особено помеѓу 6 и 10 часот наутро, е поврзан со поголема инциденца на кардиоваскуларни проблеми. По неколку часа одмор, телото претрпува ненадејна промена што ја зголемува веројатноста за срцев удар, додека повеќето луѓе во тој момент одеднаш влегуваат во својата дневна рутина.

Шпанското списание Cope објавува дека причината лежи во низа внатрешни реакции што се активираат штом ќе станеме од кревет. Затоа Санагустин препорачува едноставна навика што може да помогне во намалувањето на овој ризик: веднаш по будењето, пред да станете, треба да испиете чаша вода на собна температура.

Oбјаснува дека ова едноставно движење има непосреден ефект врз циркулаторниот систем. Водата помага во хидрирањето на телото и го олеснува протокот на крвта низ крвните садови. Важно е, вели тој, бидејќи овој гест испраќа непосреден сигнал до телото малку да ги стесни крвните садови и да го зголеми крвниот притисок доволно за да се спречи губење на рамнотежата. Ова постепено го подготвува телото да ја промени положбата и да ги започне дневните активности.

Овој совет, кој докторот го опишува како „спасувач на живот без трошоци“, не само што помага побезбедно да се започне циркулацијата, туку и поттикнува хидратација рано наутро. Според него, ова е важно за сите органи да функционираат правилно во текот на денот.

WebMD дава слична препорака, со дополнителна идеја за додавање малку вкус на вашата утринска чаша вода.

„Утрото е најдобро време за хидратација. Телото штотуку поминало низ долг пост. За едноставно почетно засилување, исцедете половина лимон во вашата прва чаша утринска вода за освежителен извор на антиоксидантни фитонутриенти, витамин Ц и калиум“, се вели во него.

Тагови
реклама

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Научниците открија дека всушност постои нешто побрзо од светлината

Read more

Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со услови за слаб дожд

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Здравје

Како се разликуваат симптомите на срцев удар кај жените?

Read more

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Read more

Зошто ракот на дебелото црево е сè почест кај помладите луѓе?

Read more

Зошто треба да испиете чаша вода веднаш штом ќе се разбудите?

Read more
 

Магазин

Храна што бремените жени треба да ја јадат секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Читај повеќе

Како се разликуваат симптомите на срцев удар кај жените?

Читај повеќе

Како да подготвите сочни ќофтиња кои нема да се распаднат при пржење?

Читај повеќе

Како бројот на часови сон влијае на вашето тело и мозок?

Читај повеќе

Поточарка: Поздрава од брокула и спанаќ, а ретко кој ја јаде

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденски украси: Како да направите зајаче од хартија?

Читај повеќе

Карактеристики на родителите кои воспитуваат агресивни и посесивни деца

Читај повеќе

Зошто ракот на дебелото црево е сè почест кај помладите луѓе?

Читај повеќе