10 тајни закони за мачки што ги почитувате без разлика дали ви се допаѓа или не

Ако имате мачка, знаете кој е газда во домот, па затоа еве 10 тајни закони за мачки што мора да ги почитувате, без разлика дали ви се допаѓа или не.

  • Секој што има мачка знае дека во домот владеат нејзини правила.
  • Мачките имаат најмалку 10 тајни закони што луѓето ги следат, без разлика дали им се допаѓаат или не.

Ако живеете со мачка, тогаш знаете дека вашиот стан или куќа повеќе не е само ваш. Тоа е кралство, а на престолот седи мек, тврдоглав и неодолив монарх. Иако мачките не го зборуваат нашиот јазик, тие живеат според многу јасни, непишани закони. Некои од овие „правила“ се урнебесни, некои се неразбирливи, но сите имаат едно заедничко нешто - тие се непроменливи.

Ајде да ги откриеме 10-те најважни закони што владеат во секој дом каде што мачката го има главниот збор.

Закон 1: Ноќе се живее

Преку ден, мачката избира кревет, перница или топол прозорец, но во мртва ноќ, точно во 3:07 часот, започнуваат Олимписките игри. Подот станува писта, вашиот стомак трамболина, а завесите највозбудливото место за тренинг. Научно е објаснето - мачките се најактивни во зори и самрак - но реално, тоа е нивна мала одмазда што ги игнорирате во текот на денот.

Закон 2: Лаптопот ми припаѓа мене

Сè што е рамно, топло и ви го привлекува вниманието е всушност кревет за мачки. Лаптоп? Освоен. Тастатура? Совршена за прошетка. А вие обидуваајте се да им објасните на колегите на состанокот како случајно сте направиле 43 грешки во една реченица.

@ringodanyan Why don't you hire me?✨😻💼💻 #littlebusinessman #catlaptop #businesscat #cat ♬ original sound - huckleberryh20
Закон 3: Затворената врата е навреда за круната

Нема затворени врати. Ниту од бања, ниту од спална соба, ниту фрижидер - сè мора да биде достапно. И секако, кога ќе ја отворите вратата, таа ве гледа право в очи и си оди.

Закон 4: Секоја кутија е портал кон друга димензија

Можете да купите најскапа грепка или дрво за качување, но едноставна картонска кутија секогаш ќе биде победник. Колку е помала, толку е подобро.

@freyathesiberian Cats and their love of boxes 😹 #catinbox #cats #catsoftiktok #catslover #siberiancats #cutecatsoftiktok #catmoms #catmomlife #petparents #catsvideos #funnycatvideos #cattoks #cattiktoks #lifewithcats #catsbelike #catmemes #relatablecatcontent #cutecatskittens ♬ SONYAKISA8 I like BOX - Cat Sonya
Закон 5: Ако е на маса, мора да падне

Молив, чаша вода или вашата нова саксија за цвеќе – сите тие се само повик за нежен потег со нивната шепа. И да, ќе ве гледаат в очи додека го прават тоа.

Закон 6: Галење само кога сакам

Кога сакате да се галите – никако. Но, штом ќе отворите книга, ќе почнете да готвите или ќе се обидете да работите, ете ја во вашиот скут, предејќи најгласно.

Закон 7: Храна во чинија е навреда

Пред само 5 минути сте ги истуриле гранулите, но таа сака да ги промешате, протресете или барем да се преправате дека се нови. Инаку, ќе ве гледа како да сте ѝ понудиле отров.

@journey9892 Little mischievous🤣#fyp #kucing #catsoftiktok #meow #kitty #cUte #catlover #cutecat #foryou #funnyvideos #funny ♬ original sound - Zephyr.
Закон 8: Кучето мора да си го знае местото

Дури и да е трипати поголемо, кучето е само поданик. Мачката ќе му го преземе креветот, ќе го удри со шепата или целосно ќе го игнорира, бидејќи хиерархијата е јасна.

Закон 9: Вие сте тука за да служите, а не да прашувате

Зошто е затворен прозорецот? Зошто сте во бањата без неа? Зошто телефонот привлекува повеќе внимание? Ваша работа е да извршувате наредби. Без приговори.

Закон 10: Преслатка сум и ќе ми простите

Скршив чаша, го изгребав троседот и те разбудив среде ноќ, но види го ова лице, овие шепи, ова предење. Секако дека ме сакаш.

Ако мачка почне диво да трча низ вашиот стан, вашите вазни и нерви се во опасност. Најпаметно е да се тргнете од патот и да се надевате дека вашиот мебел ќе преживее.

Можеби мислите дека сте газда во вашиот дом, но вистината е дека долго време живеете според законите за мачки. И знаете што? Не грижете се, бидејќи сите тие мали лудости доаѓаат завиткани во нивниот неодолив, мек и шармантен изглед.

Тагови
реклама

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Живот

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Read more

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Read more

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Read more

Кој хороскопски знак е магнет за пари во март 2026 година?

Read more
 

Магазин

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Читај повеќе

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Читај повеќе

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Читај повеќе

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе

Опасни комбинации на суплементи што треба да се избегнуваат

Читај повеќе

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Читај повеќе