4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Познатиот психијатар Виктор Франкл бил во Аушвиц, го изгубил целото семејство и успеал да преживее благодарение на терапијата.

Виктор Франкл бил успешен млад австриски психијатар и невролог, а во 1942 година нацистите го депортирале од Виена, заедно со неговото семејство - неговата бремена сопруга Тили, неговите родители и неговиот брат - прво во нацистичко гето во Чехословачка, а потоа во концентрациони логори.

Одделен од сопругата, лишен од својот идентитет и од секое чувство за човечност, Франкл поминал три години во четири различни концентрациони логори, вклучувајќи го и Аушвиц, озлогласениот логор на смртта во Полска. Таму секојдневно трпел понижување, лишувања и насилство, и бил сведок на безброј смртни случаи на пријатели и другари кои подлегнале на болести, глад и очај.

Франкл го припишувал своето преживување на методот на психоанализа, кој почнал да го развива за време на неговото искушение. Пристапот, кој тој го нарече логотерапија или „терапија со значење“, се фокусира на верувањето дека луѓето можат да ги надминат дури и најлошите страдања и разочарувања во животот ако најдат смисла и цел.

По ослободувањето, Франкл се вратил во Виена, дознавајќи дека нацистите го убиле целото негово семејство, вклучувајќи ја и неговата сакана Тили. Се посветил на својата работа и во 1946 година анонимно го објавил на германски јазик делото „Искуствата на психологот во концентрационен логор“, кое подоцна било преведено на англиски како „Човековата потрага по смисма“. Книгата е продадена во повеќе од 16 милиони примероци на 50 јазици (меѓу кои и на македонски) и се смета за една од највлијателните книги на XX век.

Вреди да се знаат овие 4 цитати од Виктор Франкл:

1. Која е целта?

„Она што навистина му е потребно на човекот не е состојба на слобода од напнатост, туку стремеж и борба за некоја цел достојна за него“.

Франкл студирал кај водечките виенски психолошки умови, особено Зигмунд Фројд и Алфред Адлер. Но, Франкл се разочарал од психолошките модели што се фокусирале на внатрешните неврози, како што се опсесијата на Фројд со либидото или комплексот на инфериорност на Адлер.

Франкл рекол дека овие теории ја опишуваат личноста како изолиран остров, заинтересиран само за „Како се чувствувам?“ и ги игнорираат најважните прашања: „Зошто сум тука и која е мојата цел?“, вели Александер Батиани, директор на Институтот „Виктор Франкл“ во Виена.

Франкл порачува дека целта на животот не е да се постигне среќа или удобност, што често е во сржта на денешната култура на „самопомош“ и „самоподобрување“. „Главната мотивација за животот е потрагата по смисла“, напишал Франкл.

Целта е да се разбере како да се живее на начин што дава цел и смисла на постоењето, честопати служејќи или жртвувајќи ги сопствените желби во корист на другите.

2. Кога страдањето ќе заврши

„На некој начин, страдањето престанува да биде страдање во моментот кога ќе најде смисла, како смислата на жртвувањето“.

Кога Франкл првпат бил донесен во логорите, во палтото носел недовршен ракопис од книга за логотерапија. Ракописот, како и целиот негов личен имот, биле конфискувани и уништени.

Неговата „причина за останување жив“ била двојна: повторно да ја види својата Тили и да ја заврши книгата. Ова било значењето што му било потребно на Франкл за да преживее. Во логотерапијата, тој се обидува да им помогне на своите пациенти да ја препознаат својата цел, дури и во услови на големо страдање или тага.

3. Никој не треба да суди

„Никој не треба да суди без прво искрено да се праша дали самиот би постапил на ист начин во слична ситуација“.

Франкл бил отворен критичар на концептот на „колективна вина“, кој тврди дека целиот германски или австриски народ е виновен за злосторствата извршени од нацистичкиот режим.

Горенаведениот цитат е од книгата „Човековата потрага по смисла“, во која Франкл отворено зборува и за своите созатвореници кои „ковале заговор“ или се договарале со стражарите за да го обезбедат сопствениот опстанок. Луѓето во очајни ситуации прават очајни работи.

4. Клучот за когницијата е во една емоција

„Никој не може целосно да ја разбере суштината на друга личност освен ако не ја сака“.

Франкл учел дека секоја личност е единствена и незаменлива. За разлика од другите школи на психологија, логотерапијата го признава постоењето на душата, вистинската суштина на поединецот, која постои надвор од телото и умот.

Во душата на секоја личност лежи нејзината единствена природа и неискористен потенцијал. Целта на терапевтот, како и на пријател или член на семејството, е да им помогне на другите да го остварат својот целосен потенцијал.

И клучот за ова сознание, за Франкл, е љубовта.

Тагови
реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Живот

Едноставни начини да ја контролирате исхраната без да се изгладнувате

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Што значи кога кучињата ги испружуваат шепите кон сопствениците?

Read more

Разбивање митови: Паста за заби на мозолчиња - да или не?

Read more
 

Магазин

Крварењето од носот може да биде знак за сериозна медицинска состојба

Читај повеќе

Едноставни начини да ја контролирате исхраната без да се изгладнувате

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Читај повеќе

Природен лек за многу болести: Зошто треба да консумираме бозел?

Читај повеќе

Едноставен трик за подобро варење: Јадете круша секој ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Читај повеќе
  • filter

Лорен Санчес со деколтето крадеше погледи во Кан: Блесна во тесен фустан

Читај повеќе

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Читај повеќе

Мотивацијата за вежбање најмногу опаѓа на одредена возраст

Читај повеќе