Честа грешка при перење детски јакни може сериозно да ги оштети

Со доаѓањето на постудените денови, јакните стануваат неопходен дел од секој гардеробер. Децата секојдневно ги носат, па затоа често доаѓаат во контакт со разни нечистотии. Иако честото перење е неопходно, една честа грешка што ја прават родителите може да доведе до оштетување на оваа облека.

Како што објаснува експертот за облека Пол Греј, перењето детски јакни во машина за перење само по себе не е проблематично, но клучно е да се обрне внимание на производите што се користат.

Греј предупредува дека стандардните детергенти и омекнувачи на алишта не треба да се користат со водоотпорни материјали. Наместо тоа, тој препорачува користење специјализирани производи за перење водоотпорна облека или дури и перење без никаков детергент.

Пред перењето, јакната треба да се подготви, односно да се исчисти од површинска нечистотија, да се закопчаат сите патенти и дури потоа да се стави во машината. Препорачаната температура за перење е 30 степени, со дополнително плакнење.

По перењето, јакната треба да се исуши природно или во машина за сушење алишта на ниска до средна температура. Сепак, важно е да се напомене - секогаш проверувајте ги упатствата за нега на етикетата за да избегнете евентуално оштетување на материјалот.

Навидум мала грешка како што е користењето на погрешен детергент може да значи крај на водоотпорноста на јакната, што може да биде особено незгодно во зимските месеци. Со неколку едноставни чекори, детската облека може да остане чиста, функционална и долготрајна.

Тагови
реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Живот

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

7 планети се во Овен на 16 и 17 април: Што значи тоа за сите хороскопски знаци?

Read more

Колку често и како да се чисти аспираторот?

Read more
 

Магазин

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Редовното консумирање брокула може да помогне во регулирањето на хормоните

Читај повеќе
  • play_arrow

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Читај повеќе

Првиот симптом на тумор на мозок што не треба да го игнорирате

Читај повеќе

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Читај повеќе

Даската од тоалетот ретко е најголемиот ризик: Каде всушност се кријат бактериите во јавните тоалети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Би пробале сладолед од ракови?

Читај повеќе

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Читај повеќе

Соган долма: Традиционален турски рецепт за полнет кромид

Читај повеќе