Првиот луксузен воз произведен во Италија наречен „Долче Вита Ориент Експрес“ почна да сообраќа.

Репликата на светски познатиот воз има за цел да го оживее гламурот на класичната верзија, како и романтизираното доживување на италијанскиот „сладок живот“ (dolce vita), а истовремено да го промовира бавниот туризам.
Возот за прв пат тргна од Рим во петокот, носејќи богати патници во срцето на италијанскиот регион Тоскана, а возот, кој исто така помина низ Фиренца и Пиза, се врати во Рим вчера, објави Гардијан.
Ноќното патување со воз од Рим до Тоскана е наречено „Вкусови на тосканските лозја“.
Првото патување беше распродадено и во него учествуваа 38 патници.
Тој патнички план е еден од осумте што заедно опфаќаат 14 италијански региони, од Венето и Лигурија на север до Базиликата и Сицилија на југ.
Турата е исто така целосно резервирана за остатокот од април и поголемиот дел од мај, со посети на Венеција, Матера - градот во Базиликата, кој е под заштита на УНЕСКО, и Сицилија.
На патувањето закажано за ноември, патниците можат да го истражат регионот Монферато во Пиемонт, дегустирајќи тартуфи и пиејќи вино.
Огромното мнозинство од оние кои досега резервирале патувања се Американци, по што следат Европејци и туристи од Блискиот Исток.
Патувањето со „Долче Вита Ориент Експрес“ не е скапа екскурзија - најевтината тура чини 3.500 евра.
За споредба, патување од Рим до Пиза со стандарден италијански брз воз чини околу 45 евра, а е поевтино ако се резервира.
Во барот на возот, просечно шише Долче Вита од 375 милилитри чини 12 евра.
Возот се состои од 12 реновирани вагони кои се движеле по италијанските железнички пруги во 1960-тите и имале 18 апартмани, 12 луксузни кабини, бар, салон и ресторан.