Дали ја знаете симболиката на кршењето со јајца за Велигден?

Традицијата на вапцање јајца за Велигден датира од многу одамна, а неизоставен дел од празнувањето на празникот е чукањето на вапцаните јајца, што носи посебна симболика, каде лушпата од јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето претставува отворање на гробот и ослободување на Исус.

Јајцата, како симбол на повторното раѓање и новиот живот, биле составен дел од паганската прослава на доаѓањето на пролетта и новиот живот по зимата. Украсените јајца се подарувале на најблиските, а според некои теории овој обичај го преземале христијаните, чиј пролетен празник Велигден го симболизира новиот живот на воскреснатиот Исус.

Според друга теорија, црквата ја прифатила традицијата на вапцање јајца за Велигден од раните христијани од Месопотамија, кои ги бојадисувале во црвено за да нè потсетат на крвта што Христос ја пролеал на распнувањето како жртва за откупување на човештвото.

Денес се достапни разни материјали, бои и техники за украсување на јајцата, а многумина се држат до традиционалниот начин на боење со природни бои, од кои најзастапена е лушпата од кромид. За украсување се користат треви со различни форми закачени со ткаенина, на чие место јајцето ќе остане необоено по варењето во лушпи од кромид.

За различни мотиви, шари или напишани пораки на јајцата се користи стопен пчелин восок пред вапцање или разни игли и ножеви за стругање по вапцањето.

Во нашиот регион, а и во поисточните делови на Европа, обичајот на кршење со јајца на Велигден е широко распространет. Некои текстови го спомнуваат овој обичај уште во XIV век. Овој обичај има посебна симболика каде лушпата од јајцето го претставува гробот на Исус, а нејзиното кршење претставува отворање на гробот и ослободување на Исус.

Заедно со јајцата, симбол на Велигден е и зајакот, како симбол на ново раѓање и плодност, земен од паганскиот празник Еостре, кој го празнувале германските народи.

реклама

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Read more

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Read more

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Живот

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Read more

Колку пати може повторно да се употребува маслото за пржење?

Read more

Вечерна рутина во три чекори што ја обновува кожата додека спиете

Read more
 

Магазин

Намирници кои природно го намалуваат воспалението во телото

Читај повеќе

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Читај повеќе

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Читај повеќе

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Читај повеќе

Сеир на денот: Груевски и Заев се караат преку статуси на Facebook

Читај повеќе

Јадете лук: 11 научно докажани здравствени придобивки

Читај повеќе

Кои витамини и минерали му требаат повеќе на телото по 40-тата година?

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракун провалил во продавница за алкохол, се опил и се онесвестил во тоалетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Галеб се удри во лицето на водителка и ѝ го раскрвари окото

Читај повеќе