Многу родители веруваат дека повеќе играчки значи повеќе среќа, но експертите мислат поинаку и предупредуваат на опасноста од преполните кутии за играчки.
Имено, истражувањата покажуваат дека е забележано дека децата кои имале само четири играчки биле повеќе ангажирани во играта. Играњето со помалку играчки им овозможило подолго да го задржат вниманието на една играчка, што позитивно влијаело на нивниот фокус, креативност и способност да се фокусираат на играта.
Преполните соби со играчки може да го одвлечат вниманието на децата од нивната игра, додека ограничен број играчки може да поттикнат подлабоко и позначајно истражување.
Децата со помалку играчки имаат повеќе простор за имагинативна игра и креирање нови сценарија, додека премногу избор може да предизвика чувство на преоптоварување и да го намали квалитетот на играта.
Затоа, ако сакате да го подобрите квалитетот на играта и да му помогнете на вашето дете да се развие на најдобар можен начин, размислете за намалување на бројот на играчки.
Оставете само неколку омилени играчки, а останатите тргнете ги настрана или подарете ги. На овој начин не само што ќе го средите просторот, туку и ќе им овозможите на децата подобро да се фокусираат и да бидат покреативни.
Ако забележите дека некоја играчка е запоставена, едноставно заменете ја со нова. Така, со минимален труд ќе го одржите интересот на детето, а воедно ќе му помогнете и во неговиот развој.