Едноставна стратегија со која вашите деца ќе јадат повеќе зеленчук и овошје

Убедувањето на децата да јадат зеленчук и овошје понекогаш може да биде навистина исцрпувачко. Но, експертите за родителство и деца открија генијална нова стратегија за поттикнување на децата да јадат овошје и зеленчук што е уште поефикасна од ветувањата за десерт или заканите за казна.

Според New York Post, германскиот психолог Вернер Зомер и неговите колеги создале бајки со „магични производи“. Откриле дека само 20 минути разговор за „магичното“ овошје и зеленчук го поттикнало интересот на децата за таа храна.

За оваа студија, која се појави во списанието Appetite, истражувачите од Универзитетот „Хумболт“ во Берлин и Универзитетот во Најроби ги истражувале техниките на родителство кои ги поттикнуваат децата сами да донесуваат здрави одлуки.

Вклучиле 80 градинки и ги поделиле во две групи. Се слушала приказна во која главниот лик бил спасен од болест благодарение на зеленчук со магични својства. Друга група слушала слична приказна, но без да се спомене храна.

Во меѓувреме, секој ден во текот на две недели, на децата им се нудело избор од една закуска: овошје, зеленчук, торта или колачиња - претставени заедно на чинија.

Истражувачите откриле дека дури 80% од децата кои ја слушнале приказната за „волшебниот“ зеленчук избрале повеќе овошје или зеленчук до три недели подоцна, додека децата кои ја слушнале приказната без храна не ги промениле типичните навики за грицкање.

„Со само една 20-минутна сесија на раскажување приказни, постигнавме изненадувачки силен премин од нездраво грицкање кон здрава консумација на овошје или зеленчук“, рече Зомер.

Истражувачите истакнаа дека овие резултати укажуваат на моќните ефекти на раскажувањето приказни како бајки врз промената на преференциите за храна во раното детство во време кога нездравата исхрана станува пандемија.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Read more

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Read more

Што носи ретрограден Уран до 4 февруари 2026 година?

Read more

Магична празнична атмосфера започнува во Дајмонд мол

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 8 до 14 декември за сите знаци

Читај повеќе

Зошто витаминот Д не делува? Можеби го земате во погрешно време

Читај повеќе

Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Читај повеќе

Телото ви дава знаци: Дали внесувате премногу јаглехидрати?

Читај повеќе

Десерт на денот: Брз и лесен чоколаден мус со тиква

Читај повеќе

Четири знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Читај повеќе

Дали е безбедно да се вежба за време на настинка?

Читај повеќе

Три секојдневни навики при туширање кои ја уништуваат кожата

Читај повеќе