Грција со рекордни туристички такси ова лето: Што треба да знаат македонските туристи?

Летувањето во Грција оваа година ќе ги удри по џебовите македонските туристи, откако грчките власти воведоа значително повисоки туристички и еколошки такси за сезоната 2025. Официјалните податоци од грчките медиуми потврдуваат дека престојот на најпопуларните островски дестинации, како и на копното, ќе биде значително поскап во однос на минатите години.

Нови такси за престој во хотели и апартмани

Хотели со 1–2 ѕвезди: 2 евра по соба дневно (во шпицот на сезоната, април–октомври).

Хотели со 3 ѕвезди: 4 евра по соба дневно.

Хотели со 4 ѕвезди: 10 евра по соба дневно.

Хотели и вили со 5 ѕвезди: 10 евра по соба дневно (двојно повеќе од минатата година).

Апартмани и Airbnb: 2 евра во зимските месеци, 8 евра дневно во летната сезона.

Таксите се наплатуваат по соба или сместувачка единица, а не по лице, што значи дека семејствата и групите може да ја поделат оваа давачка.

Специјални такси за островите Миконос и Санторини

Грчките острови Миконос и Санторини, поради огромниот број посетители и притисокот врз локалната инфраструктура, воведоа посебна такса за патниците кои пристигнуваат со крстаречки бродови:

20 евра по лице дневно во шпицот на сезоната (1 јуни – 30 септември).

Во преодната сезона (април–мај и октомври): 12 евра по лице.

Оваа мерка има за цел да го намали прекумерниот туризам и да обезбеди средства за подобрување на инфраструктурата и заштита на животната средина.

Зошто се воведуваат овие такси?

Грчките власти објаснуваат дека новите давачки се воведуваат за: финансирање на санацијата од природни катастрофи (пожари, поплави), подобрување на локалната инфраструктура и услуги, и справување со негативните ефекти од масовниот туризам, особено на островите.

Внимателно и во сообраќајот

Македонските туристи кои летово патуваат во Грција треба да бидат особено внимателни на патиштата, бидејќи грчката полиција воведе засилени контроли и ригорозно ги казнува сите прекршувања на сообраќајните правила. Казните за сообраќајни прекршоци можат да достигнат и до 1.500 евра, а за одредени прекршоци, како пушење во возило во присуство на деца под 12 години, освен парична казна, се одзема и возачката дозвола.

Сите возачи се должни во возилото да имаат рефлектирачки елек, безбедносен триаголник, противпожарен апарат со важечки сервис, комплет за прва помош со валиден рок, како и комплет за поправка на резервно тркало или гума. За непоседување на некој од овие предмети, казните се движат од 100 евра па нагоре.

Најчестите прекршоци што се казнуваат се користење мобилен телефон при возење (казна од 350 до 2.000 евра и одземање на дозвола), возење без сигурносен појас (350 евра), поминување на црвено светло (700 евра), возење под дејство на алкохол (казни од 78 до 1.200 евра, со можност за одземање на дозвола), како и неправилно паркирање (од 40 до 350 евра).

Грчките власти апелираат до сите туристи да ги почитуваат сообраќајните прописи и да ја проверат задолжителната опрема во возилото пред да тргнат на пат, со цел да избегнат високи казни и непријатности за време на одморот.

Европа воведува рекордни туристички такси и рестрикции

Летната сезона 2025 година ќе остане запаметена како период кога Европа решително се спротивстави на прекумерниот туризам. Македонските туристи кои планираат патување не само во Грција, туку и во други европски дестинации, ќе се соочат со нови, повисоки такси, ограничувања и рестрикции кои имаат за цел да го заштитат локалното население и културното наследство.

Венеција: Пионер во рестрикциите

Венеција воведе пристапна такса за дневните посетители – 5 евра доколку се плати најмалку четири дена однапред, а 10 евра ако се плати во последните три дена пред доаѓањето. Таксата се наплатува на 54 најфреквентни денови во годината, од април до јули, и важи за сите туристи над 14 години кои влегуваат во историскиот центар од 8:30 до 16:00 часот. Оние што престојуваат во сместувачки капацитети во Венеција се ослободени, бидејќи веќе плаќаат посебна туристичка такса за ноќевање. Непочитувањето на правилата може да резултира со казни до 300 евра.

Барселона и Каталонија: Двојно поголеми давачки

Во Барселона, туристичката такса за 2025 година достигнува до 15 евра по лице по ноќ, во зависност од типот на сместување. За петѕвездени хотели се наплатува 11 евра, за апартмани и Airbnb 8,5 евра, а за хостели и кампови 6 евра. Дополнително, патниците на крстаречки бродови кои престојуваат помалку од 12 часа плаќаат 10 евра влезна такса. Овие мерки имаат за цел да го намалат бројот на дневни посетители кои ја оптоваруваат градската инфраструктура.

Амстердам: Највисока туристичка такса во Европа

Амстердам воведе туристичка такса од 12,5% на цената на сместувањето – највисока во Европа. Градот исто така воведе забрани за мотори и скутери во центарот, како и еколошки рестрикции за пловни објекти, со цел да се намали загадувањето и метежот.

Португалија

Лисабон, Мадеира и Фаро наплаќаат 2 евра по лице по ноќ, а Азорските Острови ја воведоа истата такса од јануари 2025 година.

Франција

Од 1 јули 2025 година, се воведува национална забрана за пушење на плажи, паркови и училишни дворови, со казни до 114 евра.

Холандија

Освен високата такса, Амстердам забрани влез на крстаречки бродови во главните пристаништа.

Хрватска

Дубровник спроведува строги мерки против спиење и уринирање на јавни места, качување на споменици и јавно пијанство, со високи глоби и можни затворски казни.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Живот

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Read more

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година

Read more

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more
 

Магазин

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Читај повеќе

Кардиолозите предупредуваат на навика што го оштетува срцето повеќе од пушење

Читај повеќе

Гастроентеролози откриваат кое месо е најлошо за цревата

Читај повеќе

Петицијата за Данска да ја купи Калифорнија собра над 200.000 потписи

Читај повеќе
  • play_arrow

Каков е животот во градот што „исчезна“ под снег?

Читај повеќе

Рани знаци на деменција: На што да внимавате?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате грип или обична настинка?

Читај повеќе
  • filter

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година

Читај повеќе

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Читај повеќе