Како да го прекинете попуштањето на децата и да им помогнете да прераснат во стабилни личности?

Родителството е интензивен процес кој вклучува обиди, грешки и многу љубов, а преку корисни обрасци на однесување, можно е да се израснат трпеливи деца.

Во својата книга „A Contented Child in 28 Days“ (Задоволно дете за 28 дена), психологот од „Харвард“, Ричард Бромфилд, открива корисни совети за тоа како да се скршат моделите на прекумерно попуштање на децата и објаснува како може да им се помогне да прераснат во емоционално стабилни и навистина задоволни личности.

Еден од најголемите предизвици на родителството, според него, е сеприсутната култура на моментално задоволување, а тоа го потврди и психологот Марк Трејверс.

„Децата денес имаат моментален пристап до сè, од забава до шопинг, што го отежнува развојот на трпение и издржливост. Една од најважните вештини што треба да ги научат децата е чекањето. Важно е да ги научите децата на трпение“, изјави Трејверс за Psychology Today.

Тој објаснува дека е важно да се користат едноставни секојдневни ситуации кои ќе ги научат децата да се справуваат со фрустрациите и да развијат самоконтрола. Трејверс, исто така, советува да се воведат тешко заработени награди, методи за штедење преку собирање поени или монети и да се охрабруваат децата да размислуваат апстрактно за наградите за да се намали потребата за итно задоволување.

Наместо да им понудите на децата екран или играчка кога им е здодевно, психолозите предлагаат вие како родители да им дадете простор да најдат свој начин да се забавуваат.

„Досадата не е проблем, таа е неопходна“, вели Трејверс.

Кога нема надворешни потпори, мозокот на детето се активира и поттикнува имагинација, креативност и решавање проблеми. Покрај горенаведеното, се советува секојдневно време без екран и планирана забава за децата повторно да ја откријат радоста на играта што доаѓа од внатре, а не од надворешни извори.

реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Read more

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Read more

Објавени мапи: Како би изгледала Украина според планот на Трамп за завршување на војната?

Read more

Живот

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Со едноставен трик продолжете ја свежината на магдоносот

Read more

Зошто е важно да му дозволите на вашето дете да се разочара?

Read more

Два хороскопски знака секогаш се радуваат на туѓата среќа

Read more
 

Магазин

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Читај повеќе

Со едноставен трик продолжете ја свежината на магдоносот

Читај повеќе

Најчести грешки при изведување стомачни кои спречуваат ефективни резултати

Читај повеќе

Знаци дека на вашето тело му недостига витамин Ц

Читај повеќе

Опоравување по напорен тренинг: Што помага при болки во мускулите?

Читај повеќе
  • play_arrow
Направете домашна пица во тавче по рецепт на Џејми Оливер

По рецепт на Џејми Оливер: Домашна пица во тавче

Читај повеќе

Зошто е важно да му дозволите на вашето дете да се разочара?

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат жените?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

39 години по хаваријата: Колку вистина има во митовите за Чернобил?

Читај повеќе