Како да се спасите од стапицата на задолжување?

Сѐ повеќе луѓе тешко ги покриваат месечните рати и поради тоа влегуваат во нови долгови за да ги покријат веќе постоечките финансиски обврски.

Луѓето најчесто влегуваат во долгови кога прават големи животни промени, како стапување во брак, очекување дете, раскинување на врска или отанување без работа.

Добро е да знаете како да не паднете во замките на влегувањето во долгови.

Без разлика дали веќе имате долгови или ве демне таа опасност, најважно е да имате јасен увид во големината на финансиските проблеми со кои се соочувате и да направите реален и конкретен план на делување по кој ќе се водите.

Во Македонија се нудат услуги на финансиски советници кои ќе ви помогнат да воспоставите финансиска стабилност преку составување на одржлив финансиски план или да инветсирате паметно за да не останете на цедило ако ви се случи да останете без работа или да имате голем трошок што не го покриваат вашите месечни примања.

Услугите на овие советници обично подразбираат: составување на детален расход на домаќинството, проверка дали се остваруваат сите погодности и олеснувања, наоѓање на други начини за зголемување на доходите и намалување на расходите, склопување договори околу отплатата на долговите, како и составување на финансиски план.

Ако се наоѓате во финансиски проблеми или стравувате дека наскоро ќе „испливаат на површина“, што е можно побрзо договорете средба со советник.

Откако еднаш ќе се извлечете од финансиската криза не заборавајте да се држите до следните правила за да не се најдете во таква незавидна ситуација никогаш повеќе.

1. Не ги игнорирајте сметките. Покрај тоа што уште постојат, ризикувате да платите пенали и казни за заостанати долгови.

2. Не влегувајте во нови задолжувања за да ги покриете тековните рати за постоечките долгови.

3. Не се задолжувајте со нови кредитни картички, тааквото задолжување обично носи највисоки камати.

4. Не доаѓајте во искушение да прифатите понуда на приватни агенции за консолидирање на долговите кои го отплаќаат вашиот долг, а потоа ви наплаќаат со високи каматни стапки и надоместоци. На крај ќе платите многу повеќе од вашите долгови.

5. Имајте увид колку заработувате, а колку трошите. Ако имате поголем непланиран трошок тој месец, ќе преживеете и без некои од луксузите што си ги дозволувате. Исто така, не се луксузирајте за непотребни работи ако имате неодложни трошоци како регистрирање возило, реновирање на домот, поправка или замена на апарат во домаќинството и слично.

Откако ќе воспоставите финансиска рамнотежа и дисциплина, почнете да размислувате за план за штедење што ќе ви ја даде сигурноста дека имате тргнато нешто на страна за непланирани трошоци или за некакво задоволство.

реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Read more

Живот

Зошто не е препорачливо да ги ставате чашите наопаку по миење?

Read more

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Read more

Прогласена најдобрата мачка во светот

Read more

Собни растенија што се најдобри за вашиот дом во зима

Read more
 

Магазин

Зошто не е препорачливо да ги ставате чашите наопаку по миење?

Читај повеќе

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Читај повеќе

Зошто срцевите удари се почести во текот на зимските месеци?

Читај повеќе

Големи промени за 3 хороскопски знаци до крајот на јануари

Читај повеќе

Кога крцкањето на колената е опасно и треба да одите на лекар?

Читај повеќе

Дали е во ред да пиете кафе кога имате грип?

Читај повеќе

Прогласена најдобрата мачка во светот

Читај повеќе

Дали подгреаните тестенини се поздрави од тазе зготвените?

Читај повеќе

Собни растенија што се најдобри за вашиот дом во зима

Читај повеќе