Како лалињата во вазна да ви траат подолго?

Лалињата се меѓу омилените пролетни цвеќиња, а веќе ги има во цвеќарниците за да ни ја најават пролетта. Но, во вазна честопати траат помалку отколку што би сакале. Иако може да траат од пет до десет дена, ова е можно само со соодветна грижа.

Дури и кога редовно ја менувате водата, држете ги подалеку од директна сончева светлина, понекогаш се случува ливчињата да почнат да паѓаат, а стеблата да ја изгубат својата цврстина.

Еден едноставен трик може да им помогне на лалињата да останат свежи подолго. Доволно е да ставите неколку монети во вазната. Бакарот има природни својства кои го забавуваат растот на бактериите во водата, со што се продолжува свежината на цвеќињата и се спречува побрзо распаѓање на стеблата.

Покрај тоа, многу е важно правилно да ги подготвите лалињата пред да ги ставите во вазната. Стеблата треба да се скратат со нож или ножици, и под мал агол. На овој начин, површината преку која цветот ја апсорбира водата се зголемува, што му помага стеблото да остане исправено и свежо подолго. Најдобро е да ја менувате водата секој ден, наместо само да ја дополнувате, бидејќи тоа ја намалува можноста за акумулирање на нечистотии.

Друг корисен трик е да додадете неколку капки сок од лимон или прстофат шеќер во водата. Лимонот помага водата да остане посвежа, додека шеќерот обезбедува дополнителна „храна“ за цветот. Исто така, избегнувајте преполнување на вазната - лалињата имаат потреба од простор за да ја одржат својата природна форма и цврстина. Со овие едноставни совети, вашите лалиња ќе ја задржат својата свежина и убавина многу подолго.

реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Живот

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Колку често треба да ја перете постелнината? 

Read more

Магазин

Престојот на море не е само одмор: Како влијае на телото, кожата и расположението

Читај повеќе

Трик за сочно и меко печено пилешко

Читај повеќе
  • filter

Истанбул е дом на најдобрата зелена библиотека во светот

Читај повеќе

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Читај повеќе

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Читај повеќе

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Читај повеќе
  • play_arrow

Кремаст колач со мак и овошје

Читај повеќе

Секојдневни активности што можат да согорат повеќе калории

Читај повеќе

Теретана бонтон: Дали ги правите овие грешки?

Читај повеќе