Христијаните во Европа се намалуваат, атеистите имаат најголем пораст

Помеѓу 2010 и 2020 година, атеистите биле најбрзорастечката социјална група во Европа, покажуваат новите податоци.

Католичка црква во градот Монополи во Апулија, Јужна Италија; Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Населението на Европа се менува, а со тоа се менуваат и религиозните практики. За да ги разбереме овие промени, прво мора да ја погледнеме пошироката слика: Европа имала околу 753 милиони жители во 2020 година. Според податоците од истражувачкиот центар Пју (Pew Research Center), религиозната структура на континентот тогаш изгледала вака: околу две третини од населението се изјасниле како христијани (67%), една четвртина се изјасниле како нерелигиозни, т.е. без религиозна припадност (25%), додека муслиманите биле околу 6%.

Сепак, овие бројки кријат различни трендови. Додека христијанството растеше глобално помеѓу 2010 и 2020 година, во Европа бројот на луѓе кои се идентификуваат како христијани се намалило. За само десет години, нивниот удел во вкупното население се намалил од 74 на 67%.

„Околу двајца од тројца луѓе во Европа сè уште се идентификуваат како христијани. Но, во 2010 година, тоа беше тројца од четворица“, објасни Конрад Хакет, главен демограф во истражувачкиот центар Пју.

Две земји, Франција и Обединетото Кралство, го загубија своето мнозинско христијанско население. Според истражувањето, главната причина за овој тренд е зголеменото оддалечување на луѓето од религијата.

Еврејското население во Европа исто така се намалува, за 8% во последната деценија.

Од друга страна, три групи се издвојуваат во однос на растот во апсолутни бројки, при што атеистите се на прво место.

„Од седумте групи што ги анализиравме, најбрзо растечката популација е нерелигиозната популација“, рече Хакет.

Бројот на луѓе кои не се идентификуваат со ниедна религија се зголемил за 37% за десет години, надминувајќи ја хинду популацијата (зголемување за 30%) и муслиманите (15%). Сепак, хиндусите сочинувале само 0,3% од населението на Европа во 2020 година.

Промена на религиозниот идентитет

Растот на бројот на атеисти и секуларно ориентирани граѓани, според истражувачите, во голема мера го одразува падот на христијанството.

„Најголемата промена во Европа се должи на промената во религиозниот идентитет, луѓето повеќе не се идентификуваат со религијата во која пораснале. Во повеќето случаи, ова се луѓе кои доаѓаат од христијанско потекло и кои ни кажаа во неодамнешните анкети дека повеќе не се сметаат себеси за членови на ниедна религија“, вели Хакет.

Иако бројот на муслимани во Европа се зголеми за 15,9% во апсолутни бројки во последните десет години, „уделот на муслиманското население во вкупното население на Европа се зголеми за помалку од 1 процентен поен“, истакна Хакет.

Различни трендови во старосната структура

Според истражувачкиот центар Пју, Европа е континент со сè постаро население. Евреите и христијаните имаат највисока средна возраст, со 52 и 45 години, соодветно. Спротивно на тоа, муслиманите се најмладата религиозна група, со просечна возраст од 34 години.

„Средната возраст кај луѓето без религиозна припадност е 39 години. Значи, муслиманите и нерелигиозните се помлади во просек, додека општата популација, христијаните и Евреите се постари“, објасни Хакет.

Овие податоци се базираат на пописи и анкети, но методологиите не се секогаш целосно споредливи.

„Постојат разлики во секоја европска земја. Некои земји собираат податоци за религијата како дел од нивниот попис, додека многу не го прават тоа“, заклучи Хакет.

реклама

Живот

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Read more

Принцот Хари откри дека паднал во депресија по преселбата во Канада

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Магазин

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Читај повеќе

Рецепт за највкусната салата од зелка

Читај повеќе

„Тешко е да се живее со депресија“ – пациентите од Клиниката за психијатрија со пораки до јавноста

Читај повеќе

Дали јадењето моркови навистина може да ѝ даде сјај на кожата?

Читај повеќе

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Читај повеќе

Како да ја одвикнете мачката од гребење на мебелот: Неколку хумани и ефикасни методи

Читај повеќе

Кој стил на флерт најдобро функционира? Истражувањата откриваат што навистина ги привлекува мажите и жените

Читај повеќе

Најлесниот начин да ги организирате полиците за книги во вашиот дом

Читај повеќе

Грашок на бугарски начин: Додадете јајце, готов е за 15 минути

Читај повеќе