Кои се највалканите места што ги допираме секој ден?

Иако хигиената на рацете е многу важна, многумина забораваат добро и редовно да ги измијат рацете, дури и кога се на работно место.

Истражувањата покажуваат дека бирото за работа и тастатурата се мали „фабрики“ за бактерии. Зад нив се мобилните телефони кои многумина речиси и не ги испуштаат од раце.

На просечно биро има 400 пати повеќе бактерии отколку во ВЦ шолја, а најзагрозена е тастатурата. Истражувањата покажуваат дека на само неколку квадратни сантиметри од тастатурата живеат околу 3,5 милиони бактерии.

Лошата хигиена на рацете исто така го зголемува ризикот од зараза со грип или вирус што предизвикува повраќање и дијареа.

Со миењето раце на работното место се штитите од бактерии и инфекции, а истовремено ги штитите и другите. По работното биро, на второ место по нечистотија е мобилниот телефон со 1,6 милиони бактерии.

Со грип може да се заразите и на оддалеченост од некој кој е болен – секретот од кивавицата може да „патува“ со брзина од 130 км/ч кога некој ќе кивне и тие бактерии често завршуваат на кваки, тастатури, телефони или на компјутерскиот глушец.

Болести се пренесуваат и со допир, па по секое ракување, одење во тоалет и пред секое јадење треба да ги измиете рацете.

Дури 32% од луѓето не ги мијат рацете после користење тоалет, а 34% од нив не ги мијат рацете правилно.

Вирусот на грип се задржува на рацете до 48 часа, а дијареата и повраќањето се најчеста последица на лошата хигиена на рацете. Норовирусот на секои 2 до 4 часа се шири од едно место низ целата канцеларија, а вирусот на Ешерихија коли на секои 20 минути двојно се зголемува бидејќи се прилагодува на новата средина.

Заблуда е дека антибактериските сапуни помагаат бидејќи нивните состојки може да ги направат бактериите поотпорни. Најопасни места за ширење бактерии и вируси се кваките, количките за пазарење во супермаркет, копчињата во лифт и менијата во ресторани.

реклама

Зошто Германците не „летаат“ на автопат дури и таму каде што нема ограничување на брзината?

Read more

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Read more

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Живот

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Read more

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Read more

Зошто децата секогаш сакаат да им ја читате истата приказна?

Read more

Патување во есен: Каде ќе ве пречека топло море дури и во октомври?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Домашна погача што секогаш испаѓа совршено и е лесна за подготовка

Читај повеќе

Намирници што треба да се јадат секој ден

Читај повеќе

Јапонија за прв пат има повеќе од 100.000 стогодишници

Читај повеќе

5 знаци дека вашето тело не поднесува кафе

Читај повеќе

Кога треба да користите мелен бибер, а кога во зрно?

Читај повеќе

Црна Месечина во Јарец од 15 септември: Какво искушение му носи на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најлошо да си дремнете?

Читај повеќе

Општинско достигнување на денот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги готвите морковите за максимален внес на витамин А?

Читај повеќе