Македонија на листата европски земји каде туристите најретко преноќуваат

Туристите не сакаат да ги посетат овие европски земји бидејќи не ги сметаат за привлечни или безбедни. Македонија високо котира на листата.

Фото: Ф.З. /КАЈГАНА

Додека многумина се собираат во познати европски метрополи и иконски знаменитости, компанијата Riviera Travel истражуваше поинаква страна од Европа. Најновиот извештај на Евростат покажа кои европски земји се најмалку посетени.

„Овие податоци раскажуваат фасцинантна приказна за скриено богатство кое чека да биде откриено и ви помагаат да пронајдете одмор подалеку од толпите“, велат од компанијата Riviera Travel.

Компанијата ги анализирала податоците на Евростат за најмалку посетуваните европски земји, користејќи статистика за бројот на ноќевања остварени во туристички сместувања во секоја држава.

На врвот на листата се наоѓа Лихтенштајн, каде што во текот на 2024 година биле забележани само 228.579 ноќевања, според најновите достапни податоци.

Главниот град Вадуц е познат по замокот од кој се пружа поглед на долината на Рајна. Сепак, Лихтенштајн најчесто се посетува во рамките на еднодневни излети од соседните земји, што го објаснува толку малиот број на ноќевања.

На второ место е Македонија, со нешто повеќе од два милиони ноќевања во 2024 година, додека третото место го зазема Луксембург, кој забележал околу 3,6 милиони ноќевања. Следуваат Латвија и Црна Гора на четвртото и петтото место. 

10 европски земји со најмалку туристи, според бројот на ноќевања:

Лихтенштајн

Северна Македонија

Луксембург

Латвија

Црна Гора

Естонија

Албанија

Литванија

Малта

Србија

Во препораката да се посети Македонија, Riviera Travel пишува: „И покрај ниските бројки на посетители, патувањето во Северна Македонија нуди многу активности и места што треба да се видат. Овој балкански бисер се гордее со Охрид, место заштитено од УНЕСКО како светско наследство, чиј древен крајбрежен амбиент е конкурентен на сè што се нуди во познатите европски дестинации. Земјата е ризница на византиски цркви и отоманска архитектура, совршена за оние кои сакаат да се препуштат на културата среде величествена околина. Главниот град, Скопјe, има фасцинантна мешавина од античка и модерна архитектура, додека винските региони во земјата произведуваат некои од најдобрите берби на Балканот.“

Тагови
реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Живот

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Колку често треба да ја перете постелнината? 

Read more

Магазин

Престојот на море не е само одмор: Како влијае на телото, кожата и расположението

Читај повеќе

Трик за сочно и меко печено пилешко

Читај повеќе
  • filter

Истанбул е дом на најдобрата зелена библиотека во светот

Читај повеќе

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Читај повеќе

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Читај повеќе

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Читај повеќе
  • play_arrow

Кремаст колач со мак и овошје

Читај повеќе

Секојдневни активности што можат да согорат повеќе калории

Читај повеќе

Теретана бонтон: Дали ги правите овие грешки?

Читај повеќе