Најчестата грешка што ја правиме кога переме црна облека

Ако имате многу црна облека, веројатно се мачите со фактот дека бојата брзо бледнее. Не е само ефектот на сонцето при носење и сушење на алиштата што е „виновник“, туку и грешките при перењето на алиштата се причина зошто црната облека брзо бледнее.

Црната облека може да биде многу елегантна, лесно се вклопува со повеќето бои, но секој што ја носи често знае дека наскоро може да стане сивкаста, па дури и да „влече“ на тегет. Експерт за хемиско чистење ја откри грешката број еден при перење црни алишта.

Стив Колинс, експерт чие семејство поседува бизнис за хемиско чистење во Атланта, Џорџија веќе три генерации, рече дека погрешната температура за перење во машина е еден од главните виновници за избледената црна облека.

„Премногу топлата вода е ваш непријател. Топлината и богатите бои како што е црната, но и некои светли, во никој случај не се добра комбинација. Многумина мислат дека повисоката температура во машината за перење значи и елиминирање на дамките и непријатните мириси, но тоа во никој случај нема да ја заштити долговечноста и јасноста на бојата на црната облека“, рече тој.

Зошто високата температура на перење е проблем за црната облека?

„Високите температури може да ја извлечат бојата од ткаенината. И додека алиштата се вртат во машината, се создава триење што ќе ја ослабне ткаенината. Вашата црна облека е оштетена, благо речено. И таквото перење брзо ќе избледи и ќе ја оштети“, предупреди Колинс.

Ако живеете на место со тврда вода, можно е да остави и наслаги што се акумулираат на облеката со текот на времето. Детергентите исто така имаат хемикалии за белење, а резултатот е сивкаста, грда црна облека.

Експертски трик 

Колинс исто така наведува дека треба да ги одделите алиштата кога ги перете, а тоа го прави на следниов начин. Црната и темните бои одат во една машина. Светли, заситени бои како црвена и виолетова одат заедно. Посветли, слични бои како сива и беж може да се перат во иста машина, додека белите алишта се перат одделно.

„Исто така, се обидувам да ги одвојам типовите ткаенини, па затоа не ја перам облеката за вежбање од полиестер со памучните кошули. На тој начин, го намалувам триењето при перење облека“, рече тој.

Кога станува збор за сушењето алишта, Колинс ја избегнува машината за сушење алишта за своите црни парчиња облека. Топлината е непријател на црната облека, па затоа е подобро да се суши на тераса или во добро проветрена просторија, отколку во машина што има програма за сушење на висока температура. 

Експертот се согласува дека природното сушење ќе остави и набори што потоа треба да ги пегламе, но стои на тврдењето дека на овој начин црната облека ќе остане свежа и богата во бојата долго време.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Живот

Која е најевтината all inclusive дестинација за одмор ова лето?

Read more

Правилото 5:1 ја зајакнува врската на родителите со детето

Read more

Лето 2026: Сè се менува од корен за 4 хороскопски знаци

Read more

Вечерна рутина без која не треба да заспивате: Клуч за сјајна кожа

Read more

Магазин

Знаци што не треба да ги игнорирате: Дали сте претерале со вежбање?

Читај повеќе

Која е најевтината all inclusive дестинација за одмор ова лето?

Читај повеќе

Доктор предупредува кој суплемент да не се меша со млечни производи

Читај повеќе

Правилото 5:1 ја зајакнува врската на родителите со детето

Читај повеќе

Идеја за посен ручек: Мусака од тиквички

Читај повеќе

Лето 2026: Сè се менува од корен за 4 хороскопски знаци

Читај повеќе

Што треба да пиете по вечерата ако сакате да слабеете?

Читај повеќе

Три симптоми на дијабетес што се појавуваат веднаш по будењето

Читај повеќе

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Читај повеќе