Американскиот невролог, д-р Хауард Такер, има свое место како рекордер во Гинисовата книга.
Тој беше прогласен за најстар лекар кој практикува медицина од 1947 година. Покрај тоа, бил шеф на неврологија во Атлантската флота за време на Корејската војна.
Бидејќи сè уште активно ја извршува својата улога како доктор и невролог, на 104-годишна возраст, љубопитните луѓе често го прашуваат како успева да го одржи мозокот остар и фокусиран?
„Добрите гени и малку среќа можат да бидат добар почеток, но постои еден принцип според кој живеам, а кој секој може да го спроведе - одржувајте го вашиот ум активен преку работа и социјални и рекреативни активности“, открива д-р Такер.
Како што старееме, поминуваме низ природни промени кои влијаат на нашите ментални способности. Некои области на мозокот може да се намалат, комуникацијата меѓу невроните станува помалку ефикасна, а протокот на крв исто така се намалува.
Како и сите други мускули во телото, нашиот мозок има потреба од постојана вежба за да се подобри.
Следните 3 ритуали за ментално здравје што д-р Такер ги користи секојдневно.
Истражувањата покажуваат корелација помеѓу пензионирањето и зголемениот когнитивен пад, поради што овој доктор ветеран сè уште не размислува за пензионирање.
„Мојата работа бара преглед на низа медицински теми и размислување за проблемите. Останувањето во тек со најновите достигнувања во неврологијата го одржува мојот мозок зафатен“, додава д-р Такер.
Волонтирањето, хобијата и учењето нови вештини можат да обезбедат одлична ментална стимулација. Во раните 60-ти, по редовна медицинска пракса, овој невролог посетувал вечерно училиште за да стане адвокат. Го положил испитот на 67-годишна возраст.
Друга студија сугерира дека силните врски можат да помогнат во одржувањето на нашата меморија и когнитивна функција. „За жал, многу од моите најблиски пријатели, членови на семејството и колеги починаа. Сепак, имам среќа што мојата работа ми овозможи да градам врски со помлади колеги. Мојата сопруга Сара и јас исто така ги ставаме вечерата и дружењето со луѓе од заедницата високо на листата на приоритети“, открива докторот. „Јадеме надвор со нашата ќерка и нејзиниот сопруг и нашиот син и неговата сопруга најмалку двапати неделно. Исто така, сакаме да пробуваме нови ресторани со пријатели и колеги“, додава тој.
„Кога не читам за најновите достигнувања и третмани во неврологијата, обожавам да читам биографии и детективски приказни. Ако потонете во добра книга, фикција или документаристика, вашиот мозок обработува нови информации. Верувам дека ова е клучно за одржување на острината на вашиот ум“, заклучува неврологот.
Д-р Хауард Такер е активен и на социјалните медиуми; на TikTok, Instagram и Facebook.