Дали знаевте дека обичниот бел леб, каков што секојдневно го користиме за појадок или сендвичи, може да стане ваш таен сојузник во чистењето на вашиот дом? Оваа конкретна храна е неверојатно ефикасна во борбата против секојдневната нечистотија.

Ако купивте премногу леб и немате место во замрзнувачот, не фрлајте го. Наместо тоа, искористете го на паметен начин - како средство за чистење.
Поради својата мека и порозна текстура, белиот леб е одличен за впивање прашина и нечистотија, а бајатиот леб може да биде одличен за различни трикови во домаќинството. Подолу ви пренесуваме 5 начини на кои можете да го користите лебот за чистење на вашиот дом.
Дури и најтврдоглавата маст нема шанси против парче бел леб. Наместо хартиена крпа, земете парче бел леб и притиснете го директно на дамката. Лебот ќе го впие вишокот маснотии, а потоа лесно можете да ја избришете преостанатата нечистотија со влажна крпа.
Скршеното стакло може да биде вистинска замка. Откако ќе ги соберете поголемите парчиња со метла, земете парче леб и притиснете го на местото. Мекиот леб ќе ги „фати“ ситните парчиња што е речиси невозможно да се видат, спречувајќи непријатни исеченици.
Имате стара слика или вредна книга покриена со прашина? Наместо да ризикувате оштетување со влажна крпа, нежно тапкајте парче леб на правливата површина. Ефикасно чисти без да ги оштетува деликатни материјали.
Ѕидовите честопати може да бидат полни со отпечатоци од прсти, ознаки од чевли, па дури и со детски цртежи. Отстранете ја кората од парче леб, направете топка и нежно тријте ја преку трагите. Лебот не ја оштетува бојата и не остава траги, а ефикасно ги отстранува дамките. Трикот работи и на огледала.