Мадрид е синоним за „здрав и нормален живот“, според анализа што ја оценува чистотата на воздухот, бучавата, бројот на зелени површини, достапноста на спортски објекти и бројот на сончеви часови.
Денес станува императив да се најдат градови каде што е можно да се води избалансиран, здрав и исполнет живот. Сè почесто, луѓето избираат дестинации врз основа на квалитетот на воздухот, пристапот до зелени површини, можностите за рекреација и општото чувство на благосостојба.
Бројни студии покажуваат дека голем број млади луѓе сонуваат за подобар животен стандард и можност за напредување. А дали знаете кои европски градови се најдобри за здрав и избалансиран живот?
Според анализата на платформата Omio, која испитала 17 критериуми поврзани со здравјето и квалитетот на животот, како што се чистотата на воздухот, бучавата, бројот на зелени површини, достапноста на спортски објекти, бројот на сончеви часови и слично, Мадрид го освои првото место со вкупен резултат од 78,62/100.
Мадрид особено се истакнува како град кој има голем број спа центри и можности за рекреација, како и значителен број сончеви часови годишно (околу 2.712 часа во просек). Исто така, градот постигнува високи резултати во речиси сите други аспекти што се важни за здрав живот.
@eleonoirebruno 1000/10 ✨ #madrid #spain ♬ Metro in Madrid remix by alina__volik - Alina Volik | Madrid | Miami
Втор на листата е Лисабон со резултат од 75,36, а трета е Виена. Топ 5 го заокружуваат Прага и Амстердам.
Мадрид
Лисабон
Виена
Прага
Амстердам
Хелсинки
Копенхаген
Талин
Рим
Загреб
Будимпешта
Љубљана
Берн
Берлин
Луксембург
Рига
Софија
Вилнус
Атина
Стокхолм
Ереван
Рејкјавик