Што треба да направат родителите за да си легнуваат децата навреме?

Живееме во брзо време во кое и возрасните имаат пореметен ритам на спиење. Затоа на многу родители им е тешко да ги научат децата да усвојат здрави навики на спиење, кога и самите не можат да им дадат позитивен пример.

Ако имате проблем со тоа да ги научите децата да си легнуваат навреме и тоа да се случува без драми и негодување, многу е важно да ги согледате сите фактори околу стекнувањето на оваа здрава навика.

Првиот чекор е да утврдите колку сон му треба на детето на конкретната возраст и да го следите тоа со нивното растење. На пример, на децата од 6 до 12 години им требаат 8 до 10 часа непрекинат ноќен сон, а за тинејџерите на возраст од 13 до 18 години се препорачува ноќен сон од 9 до 11 часа за оптимално здравје.

Исклучете ги екраните

Не е новитет дека децата станаа зависни од смартфони и таблети. Речиси половина од децата во САД користат некаков телефонски уред пред да си легнат на спиење, покажа едно најново истражување. Овие статистички податоци се застрашувачки, имајќи предвид дека истражувањата покажале дека т.н. сина светлина што ја емитуваат таблетите и телефоните влијае врз менувањето на фазите во биолошкиот часовник и го сузбиваат мелатонинот, што резултира со пореметено и поместено спиење.

Родителите треба да го ограничат користењето на компјутери, смартфони и таблети на децата најдоцна на 1 до 2 часа пред легнување, а се препорачува времето поминато пред екран (освен кога станува збор за учење или домашни работи) да биде ограничено на 30 минути дневно.

Развивајте рутина

Децата треба да се подготвуваат умствено и физички за спиење 30 до 60 минути пред предвиденото време за легнување. Родителите може да им помогнат на децата да ја усвојат оваа рутина со тоа што ќе им кажат да си ги измијат забите и да си ги подготват школските ранци пред спиење и полека да се смируваат додека да дојде време за спиење. Исто така е многу важно да ги научите децата да си легнуваат и да стануваат во исто време секој ден, вклучувајќи ги и викендите.

Пријатна средина за спиење

Детската соба треба пред сѐ да биде местото каде што децата заспиваат и спијат, а не каде што си играат или дружат со другите деца. Како родители треба да ги поттикнувате децата да поминуваат време надвор, на отворено или во заедничките простории како дневната соба. Исто така треба да се потрудите детската соба да биде тивка, затемнета, со пријатна собна температура.

Иако навиките и стекнувањето на навиките може да варира од едно до друго дете, најважно е откако детето ќе заспие да не се буди и вознемирува и да има квалитетен сон.

реклама

Макарони во рерна на грчки начин

Read more

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Младата Месечина во Лав на 12 август носи среќа за 3 хороскопски знаци 

Read more

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Живот

Младата Месечина во Лав на 12 август носи среќа за 3 хороскопски знаци 

Read more

Што му носи денешното затемнување на Сонцето во Лав на вашиот хороскопски знак?

Read more

Како седите додека работите може да влијае на вашите одлуки

Read more

Што не смеат да прават бабите и дедовците кога ги чуваат внуците?

Read more

Магазин

Младата Месечина во Лав на 12 август носи среќа за 3 хороскопски знаци 

Читај повеќе

Дали овошје и сирење е добра комбинација за здравјето?

Читај повеќе

Како ефикасно да вежбате на +40°C?

Читај повеќе

Што му носи денешното затемнување на Сонцето во Лав на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатни железнички моменти фатени на камера

Читај повеќе

Како седите додека работите може да влијае на вашите одлуки

Читај повеќе

Макарони во рерна на грчки начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Што можете да направите за здравјето на вашето срце?

Читај повеќе

Како лажен вртлог се појави над Хрватска, Словенија и Италија?

Читај повеќе