Чистењето на рерната тешко дека на некого му е омилена домашна работа, особено кога на ѕидовите се насобрале изгорена маст и тврдокорни наслаги од храна.
Сепак, постои едноставен трик што со години се користи во скандинавските домаќинства, а сè што ви треба е еден лимон и малку вода.
Лимоните се богати со природна лимонска киселина, која помага во разградувањето на масните наслаги и омекнување на исушените остатоци од храна. Кога се загреваат заедно со вода, се создава пареа што допира до сите агли на рерната и го олеснува отстранувањето на нечистотиите без долготрајно триење.
Покрај тоа, лимонот остава пријатен, свеж мирис и помага во ублажување на непријатните мириси што остануваат по подготовка на риба, месо или многу зачинети јадења.
Исечете еден или два лимона на половинки или парчиња и ставете ги во тава за печење. Прелијте со малку вода, а потоа ставете ја тавата во рерна претходно загреана на температура помеѓу 100 и 150 степени.
Оставете ја да се загрева 20 до 30 минути за да може пареата да ги омекне наслагите. Кога рерната ќе се олади доволно за безбедно работење, избришете ја внатрешноста со мека крпа или сунѓер. Поголемиот дел од маснотиите и нечистотијата лесно ќе се отстранат.
Едноставните состојки како лимон, сода бикарбона, оцет и сол често се првиот избор за одржување на домот бидејќи се лесно достапни и попристапни од многу средства за чистење.
Редовната примена на овој трик може да спречи насобирање на тврдокорни наслаги, па затоа чистењето на рерната секој нареден пат ќе биде многу полесно.
Совет: Извадете ги решетките и измијте ги одделно. Додека пареата ја омекнува внатрешноста на рерната, можете да ги потопите во топла вода со детергент.